Македонија
(Видео) Каевски: СДСМ ќе стори сè за државата да стане членка на ЕУ, ДПМНЕ одработува за туѓи интереси
„Почетокот на процесот во македонското Собрание за уставни измени покажа дека на политичката сцена се два блока. Едниот предводен од СДСМ, кој е проевропски, и другиот антиевропски. ДПМНЕ е антиевропска партија, а Христијан Мицкоски антиевропски политичар, исто како што беа против членството во НАТО, работат против членството во ЕУ“, рече Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
„Наивно е да се верува дека причина за тоа е нечиј партиски или личен рејтинг. Станува збор за јасно изразена антиевропска, антизападна политика и политичка агенда.
Овие антиевропски политики на ДПМНЕ се на линија со туѓи интереси, кои не ѝ мислат добро на земјата и тоа е впрочем и континуитет на политиките на Груевски од минатото, кои не ѝ донесоа добро на државата и ја заглавија цели 11 години во изолација.
Имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса ние сметаме дека е исклучително важно сега да ја искористиме“, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
„Во спротивно, ќе ги видиме Албанија и Црна Гора како напредуваат кон ЕУ, како и целиот регион, а ние ќе сме оставени со Босна и Косово, кои имаат нерешени прашања, што не е добро.
За потсетување, во 2006 година бевме во пакет заедно со Хрватска, денес таа држава не само што полноправна членка на ЕУ тук е и дел од еврозоната и од шенген.
Ние 11 години бевме надвор од европскиот пат и загубивме генерации млади граѓани, кои денес се жители на ЕУ, но во туѓи држави, па прашање е уште колку генерации ќе загубиме за 11 години ако сега не ја завршиме задачата?
Отворањето на уставните измени го поддржа и Европската комисија, чија претседателка, Урсула фон дер Лајен, упати јасна, силна порака дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ!
СДСМ нема да се откаже од европската агенда. Заедно со граѓаните, со европскиот блок, ќе сториме сè за државата да стане членка на ЕУ.
Тоа со себе ќе донесе забрзан раст на економијата, дури за 11 пати поголема финансиска поддршка од ЕУ и нови можности за граѓаните, за домашното стопанство.
Како што обезбедивме членство во НАТО, како што обезбедивме почеток на преговори со ЕУ, така ќе обезбедиме и членство во ЕУ, со заштитен и потврден македонски идентитет и покрај блокадите од ДПМНЕ и Левицата“, додаде Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).
– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.
Македонија
Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.
Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.
Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

