Македонија
Османи- Борел: Да не дозволиме евентуално назадување во ЕУ-интеграцијата

Во рамките на работната посета на Шпанија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, при што Османи го брифира шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.
„Со усвојувањето на уставните измени Северна Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смее да дозволи никакво евентуално назадување од целта“, рече Османи.
Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската комисија, Османи го поздрави новиот план за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани по должината на патот кон пристапно членство.
„Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре“, истакна Османи на средбата со Борел.
Соговорниците разменија мислења и за други актуелни теми, со акцент на последните случувања во регионот, а стана збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.