Свет
Во Пакистан евакуирани 100.000 луѓе: поплавени села, уништени насади
Речиси 100.000 луѓе се евакуирани од поплавените села во пакистанската провинција Пенџаб.
Неколку стотици села во Пенџаб беа потопени поради излевањето на реката Сутлеј, а уништени се илјадници хектари земјоделско земјиште, особено насади.
„Спасивме 100.000 луѓе и ги транспортиравме на побезбедни места“, изјави Фарук Ахмад, портпарол на службите за итни случаи во Пенџаб, за AFP.
Насипите што требаше да ги заштитат живеалиштата не издржаа и веќе не може по пат да се стигне до стотици села.
Продолжуваат операциите за помош во поплавените подрачја, каде што службите за итни случаи користат чамци за да превезуваат жени, деца, мажи и добиток на безбедно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат бројни други проекти“, рече Путин, не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева дека ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој, исто така, рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша Тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат бројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Свет
Пет деца во Индија заразени со ХИВ по трансфузија на крв
Пет деца кои страдаат од таласемија во индиската држава Мадја Прадеш биле заразени со вирусот ХИВ по примање трансфузии на крв, објавија локалните власти, објави денес Би-Би-Си.
Најновите случаи на ХИВ инфекција предизвикаа загриженост во врска со начинот на кој се даваат трансфузии, а властите формираа комитет за истражување на инцидентот.
Овие случаи следеа по слични инфекции во источната држава Џарканд во октомври, каде што пет деца под осумгодишна возраст беа заразени со вирусот по примање трансфузии на крв во државна болница, потсетува Би-Би-Си.
Властите во државата Гуџарат започнаа истрага во 2011 година откако 23 деца со таласемија беа позитивни на вирусот по примањето трансфузии во болницата.
Родителите на пациенти со таласемија минатата недела го повикаа индискиот парламент да го усвои Националниот закон за трансфузија, за кој велат дека ќе ги заостри регулативите поврзани со собирањето на залихите од крв, нивното тестирање и трансфузија.
Фото: депозитфотос
Свет
Трамп: Не ја исклучувам можноста за војна со Венецуела
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за Ен-би-си објавено денес. „Не ја исклучувам таквата можност“, изјави тој за „Ен-би-си њуз“ во телефонско интервју.
Трамп исто така рече дека ќе има дополнителни запленувања танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју.
Во вторникот Трамп нареди тотална блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочена кон нејзиниот главен извор на приходи.
Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар од „Ројтерс“. Трамп исто така објави во вторникот дека режимот на венецуелскиот претседател Мадуро е означен како странска терористичка организација.
Нафтата е главен извор на приход за Каракас. Венецуела, која е во ембарго од 2019 година, ја продава својата нафта на црниот пазар по значително пониски цени, особено на Кина.
Трамп претходно го обвини режимот на Мадуро дека ја користи нафтата за финансирање наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања.
фото/депозитфотос

