Надворешна политика
Димитриев-Хајндл: Владата е насочена кон надоместување на пропуштеното на евроинтеграциите
Актуелната политичка состојба, интеграциските процеси како и чекорите кои се преземаат во рамките на акцискиот план за реализација на итните реформски приоритети на државата, беа темите на коишто во владата во вторникот вечерта разговараа премиерот Емил Димитриев и Јоханес Хајндл, специјален пратеник за македонската криза на германското министерство за надворешни работи
Димитриев, како што информираат од службата за односи со јавноста при Владата, посочил дека клучно е остварување на напредок на полето на евроинтеграциите, при што со силен интензитет се работи на реализација на препораките.
Истакнал дека се спроведуваат голем број реформски мерки кои ги иницирала Владата и на тој начин се надоместува периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана.
Премиерот Димитриев истакнал и дека сега со прецизен акциски план се задолжени сите државни институции, преку јасно дефинирана рамка за спроведување на препораките и реформите посочени од меѓународната заедница да се стигне до надоградување на стандардите во правосудството, јавната администрација, безбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи.
Според Димитриев, дел од реформите ќе бидат спроведувани веднаш од институциите, за дел ќе расправа Владата и ќе одлучува Собранието, а дел ќе бидат формулирани преку поширок политички дијалог.
Германскиот дипломат Димитриев го уверил дека „еден голем сет реформи се направени и досега, а со ваквиот активизам тие реформи ќе се надополнат и успешно ќе се завршат процесите кои се од интерес на Република Македонија“.
Соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, начините и можностите за нејзино надминување, при што Димитриев објаснил дека во интерес на Владата е обезбедување на услови за општествен и економски развој на земјата и на сите нејзини граѓани./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.