Црна хроника
Казни за 352 возачи во Скопје, 108 возеле над дозволеното

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 352 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 108 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени биле и три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.