Македонија
Ако се одвоиме од Албанија, Црна Гора и Србија, никој не гарантира дали ќе станеме членка на ЕУ, вели Каевски
Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, на прес-конференција рече дека Мицкоски делува антиевропски и дека и штети на Македонија.
„Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина. Блокада на европскиот пат ќе значи 11 загубени години во изолација, загубени 10 милијарди евра од европските фондови и неизвесна иднина. Прескапа цена е тоа за нас како држава но и како народ и тоа не смее да се случи.Се одвоивме од Хрватска и заостанавме 17 години во чекалната. Ако се одвоиме од Албанија, Црна Гора и Србија, никој не гарантира дали некогаш ќе биде можно да станеме земја членка на ЕУ“, вели Каевски.
Според него, целосна европска интеграција не е само стратешка цел, членство во ЕУ е нашата единствена алтернатива и желба на граѓаните заради подобар живот.
„Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ затоа што тоа значи подобар животен стандард, подобра инфраструктура, економски напредок, социјална правда, врвна демократија, подобро владеење на правото. Граѓаните сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината. Граѓаните се за интеграција, а не изолација. Имаме можност да се движиме напред кон подобро, кон полноправно членство на ЕУ до 2030 година“, кажа пратеникот.
Каевски рече дека имаме историска шанса, сериозна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пати дека не смееме да дозволиме да го загубиме овој моментум.
„Преговарачката рамка е усвоена од сите 27 земји членки и таа обезбедува и гарантира целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет. Не може државата да биде заложник на кариерата на антиевропски политичари. СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, ќе направиме сѐ за граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард“, заклучи Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

