Скопје
Нов пензионерски клуб во реновираните простории на М.З. Волково

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски и заменикот министер за труд и социјала Диме Спасов и председателот на Сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски ги пуштија во употреба комплетно реновираните простории на месната заедница во село Волково.
Оваа целосна реконструкција ги опфати сите простории( 168м2) во месната зедница се воведени водовод и канализација и објектот е приклучен на постоечката водоводна и канализациската мрежа. Целосно е заменет покривот на објектот, поставен е нов под, реконструирани се таваните и изградени се тоалети . Воедно е заменета и 45 годишната стара електрична инсталација. Изведена е и пристапна рампа. Реновирана и фасадата на зградата, а старите и дотраени прозорци и влезна врата се заменети со ПВЦ столатија. Со ова целосно обновување на просториите на месната заедница во с. Волково ќе се овозможи негово функционално работење и ќе биде од исклучително значење за граѓаните и пензионерите кои и до сега многу свои активности ги реализираа токму во овие простории но во лоши условиВо просториите се отвори и нов пензионерски клуб кој е комплетно опремен со потребните друштвени игри: шах, домино, пикадо и табла и набавени се нови маси и столици. Исто така се опремени и двете работни простории за председателот на месната заедница и председателот на огранокот на здружението на пензионери од с.Волково. Средствата, во висина од 2,5 милиони денари, се обезбедени од буџетот на општината Ѓорче Петров.Овој простор претставува важен дел од секојдневието на Волковци. Заменикот министер за труд и социјала Диме Спасов и градоначалникот Митровски најавиа и изградба на детска градинка во Волково. Средствата за овој проект ќе бидат обезбедени подеднакво од општината и ресорното министерство. Предвидено е овој проект да биде со површина од 200 м2. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.
Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар)
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров. (Општина Центар)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)