Спорт
Рајн Некар убедливо го победи РК Вардар во Скопје

Германскиот ракометен бундеслигаш Рајн Некар убедливо го победи РК Вардар со 25:34 во СЦ „Јане Сандански“, во првиот натпревар од плејоф колото за пласман во групите од Европската ЕХФ лига. Со подобра игра во второто полувреме, Германците создадоа голема предност пред реваншот. Јасно е дека Вардар нема да биде дел од групите во ова натпреварување.
Реновираниот тим на Владо Недановски имаше сили за отпор само во првото полувреме. Рајн Некар имаше три гола позитива, но „црвено-црните“ на полувреме сепак заминаа без негатива (14:14).
Но, почетокот на вториот дел беше кобен. Рајн Некар направи голема серија и го реши мечот.
Гостинскиот голман Апелгрен имаше 11 одбрани, а Кнор постигна осум гола.
Најефикасни кај РК Вардар 1961 беа Срдановиќ и Лазаревски со по пет гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.
Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.