Црна хроника
Маж од Вевчани претепан поради кавга во сообраќајот
Маж од Вевчани во полиција пријавил дека по кавга во сообраќајот бил нападнат од неколку лица.
Имено, во Полициската станица Струга вчера во 12.35 Ј.П.(59) од с. Вевчани, струшко пријавил дека околу 11.10 часот по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведен дилер
Денеска полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој.
Имено, во периодот од 07.30 до 08.30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш.
Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Казни за 146 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, три мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се 43 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, пет мерки за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Повредени полицајци: со возило на МВР се судриле со друго возило
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.