Регион
(Видео) Единаесет дена пожари во Грција, нови жаришта и во Лептокарија

Во Еврос пожарите траат веќе единаесет дена. Нови жаришта избувнаа во областите Лефкими, Лептокарија и Треис Врисес, а на Родопите во областите Каситера и Кирки.
A total of 111 fires are currently ablaze in Greece, resulting in a burnt area that has tripled in size when compared to the average over the last 17 years. This scorched region now represents over 1% of Greece's total land area. #Greece #GreeceFires pic.twitter.com/oE3s6GSyLs
— ThePressBeat (@thepressbeat) August 29, 2023
Најавено е дека денеска во 11 часот во Мегарос Максимос ќе се одржи состанок на грчката влада за обновување на шумите во Еврос и Парнита.
Министрите вчера отпатуваа за Еврос, каде што веќе почнаа да се евидентираат штетите за да му се исплати отштета на настраданото население.
В четврток во грчкиот парламент ќе се одржи расправа за пожарите, а в петок, според најавите, премиерот Киријакос Мицотакис ќе го посети Родос, кој беше тешко погоден од пожарите во јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Турција сонува повторно да ја обнови Отоманската Империја

По пристигнувањето на турските беспилотни летала во Приштина, имаше остра реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја обвини Турција дека сонува за обнова на Отоманската Империја. Со овој потег, Србија премина од „златно доба“ во односите со Турција и пријателството со Ердоган на отворени политички тензии за само една година, пишува N1.
Косовскиот премиер Албин Курти претходно објави на Фејсбук дека пристигнале беспилотните летала, додавајќи дека десетици безбедносни сили веќе се обучени да ги користат.
Курти објасни дека договорот со турската компанија Бајкар бил потпишан во декември минатата година, а дроновите биле испорачани три месеци пред предвидениот рок. Тој нагласи дека Косово „продолжува да ја зајакнува ударната моќ на својата армија“ со модерна технологија.
Реагирајќи на веста, Вучиќ остро го осуди потегот на Турција, велејќи дека е „ужасен“ и дека тоа „јасно покажува дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан“.
„Згрозен сум од однесувањето на Турција и грубото кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и од континуираното вооружување на властите во Приштина. Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува за оживување на Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката“, рече Александар Вучиќ.
Реагираше и владината Канцеларија за Косово и Метохија, а нејзиниот директор Петар Петковиќ ја повтори оценката на Вучиќ дека Србија „ја разбрала пораката“ и дека „не е случајно“ што беспилотните летала биле доставени во Косово три месеци пред предвиденото.
Турција го направи ова, смета Петковиќ, „само неколку дена пред локалните избори“, со цел да му ја обезбеди на премиерот на Приштина „потребната поддршка пред изборите на 12 октомври, за да може да продолжи да го тероризира српскиот народ“.
Петковиќ рече дека Белград „ќе продолжи одговорно да го зачувува мирот и стабилноста, и покрај вооружените сојузи што се создаваат на штета на мирот и претставуваат директна закана“.
Фото: ЕПА
Регион
Завршени обдукциите на четворицата државјани на Малта кои загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Давењето е најверојатната причина за смртта на двата брачни пара од Малта кои загинаа минатиот четврток во тешка сообраќајна несреќа во Буница кај Сењ, Хрватска, кога нивниот автомобил излеѕа од Јадранската магистрала во морето.
Ова го открија прелиминарните резултати од обдукцијата спроведена во Риечкиот институт за судска медицина и криминалистика, пишува риечкиот портал Бурин.
Иако лабораториските тестови сè уште се во тек, давењето се смета за најверојатна причина за смртта. Починатиот Џереми Гамбин (68), неговата сопруга Лорејн (67), Кевин Боничи (67) и неговата сопруга Александра (66) претрпеле само полесни повреди кои не можат да се поврзат со смртта.
Се верува дека сите носеле безбедносни појаси кога нивниот „ленд ровер дискавери“ излетал клисурата, а потоа и во морето.
Веднаш по несреќата, се сомневаше дека на возачот му се слошило, поради што ја изгубил контролата врз возилото на малата кривина. Сепак, обдукцијата не ја потврдила оваа шпекулација, објавија хрватските медиуми.
Утврдено е дека сите жртви имале здрави срца, без претходни срцеви удари или други здравствени проблеми што би можеле да ја предизвикаат несреќата.
Останува нејасно зошто возачот, за кој се верува дека е Кевин Боничи, ја изгубил контролата врз возилото. Тој бил пронајден во скутот на патникот Џереми Гамбино, додека нивните сопруги биле на задното седиште.
Трагедијата покрена голем број прашања, првенствено зошто патниците не можеле да излезат од автомобилот, кој потонал на длабочина од 11 до 12 метри.
Никој од нив не претрпел повреди што би предизвикале губење на свеста, но вратите од смачканото возило не можеле да се отворат.
Автомобилот, кој мажот од Малта го изнајмил на аеродромот во Загреб, бил извлечен од морето минатиот петок. Нуркачи и камион за влечење учествувале во операцијата.
Полицискиот службеник Јасмин Мујаковиќ, кој прв пристигнал на местото на настанот, скокнал во морето и нуркал неколку пати, но безуспешно се обидел да ја отвори вратата. Телото на една жена исплутало од возилото, додека другите три жртви биле пронајдени во автомобилот.
фото: принтскрин
Регион
(Видео/Фото) Србите и Унгарците одржаа заедничка воена вежба

Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба „Соседи 25“ со цел зголемување на нивото на соработка меѓу армиите на двете земји и размена на борбени искуства, соопшти српското Министерство за одбрана.
Вежбата се одржа на воениот полигон Пасуљанске ливаде со учество на припадници на Првата бригада на српската армија и 30-та механизирана бригада на Унгарија.
За време на повеќедневната вежба, војниците заедно ги вежбаа дејствата на единиците во тактички операции, вклучително и употребата на современи борбени возила, комуникациски системи и опрема за собирање и обработка на разузнавачки информации.
Ова е десетта заедничка вежба наречена „Соседи“ што ја спроведуваат вооружените сили на Србија и Унгарија.