Македонија
Маричиќ: Со конструктивни идеи и немнозинските заедници се вклучуваат во процесот на пристапување во ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања денес се сретна со Форумот на граѓанските организации на немнозинските заедници на која разговараа за нивното вклучување во процесот на подготовка на Патоказите и преговорите со ЕУ.
„Проактивноста на секој ќе биде клучна за напредокот во процесот на ЕУ интеграцијата. Процесот на преговори и членството во ЕУ отвора можност да се направи нешто за интересите на заедниците“, рече на состанокот Маричиќ потенцирајќи дека улогата и активноста на немнозинските заедници е особено важна во подготовката на Патоказите и Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, со кои ќе се унапредат прашањата од сферата на човековите права.
Претставниците на немнозинските заедници на состанокот потврдија дека имаат желба да придонесат во подготовката на клучните документи кои се потребни за продолжување на процесот на преговори со ЕУ и се заблагодарија на вицепремиерот Маричиќ за соработката и отвореноста за зајакнување на дијалогот со конкретни активности.
Се согласија дека Владата постојано се залага за целосна афирмација на сите заедници и создава услови во кои тие можат да функционираат и да се развиваат со сите нивни особености, без никакви пречки, согласно Уставот и законите, но и дека има уште многу што да се направи во пракса и во имплементација на она што веќе е законски загарантирано за народите кои живеат во Северна Македонија.
На состанокот беше разговарано и за предизвиците со кои се соочуваат, како и за унапредување на соработката и нивно вклучување во секторските групи за планирањето на ИПА фондовите, со цел повлекување на повеќе средства од европските фондови за поефикасно остварување на правата на немнозинските заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

