Македонија
Хаосот што оваа власт на СДСМ и ДУИ го донесе во образованието носи несогледливи последици на долг рок, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Две години оваа епски неспосбна власт на СДС и ДУИ не може да отпечати учебници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да беа европска, како што не се, денес на 1-ви септември министерот за образование и наука ќе депонираше оставка и истата веднаш ќе беше прифатена. Но, ниту министерот има грам интегритет, ниту премиерот Ковачевски има храброст да побара одгвоорност. Тие уште безобразно вината ја префраат кај други, а не ја гледаат кај себе. Тоа е целосно потценување на интелегенцијата на граѓаните. Денес почнува нова учебна година со огромни проблеми. Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието. Наставниците не се задоволни со своите права, учениците не се задоволни со недостатокот на учебници, сите заедно не се задоволни што во образовната инфраструктура не се поместува ништо на подобро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, новата концепција која оваа власт ја тера напротив укажувањата на експертите е сосема друга лоша приказна.
„Политиките на оваа влада создаде таква каша попара во која наставници по билогија ќе предаваат наставни единици поврзани со хемија, а од друга страна во ист предмет ќе предаваат тројца наставници, по историја, географија и граѓанско општетсво и за тоа треба соодветно да оценат. Хаосот кој оваа власт на СДС и ДУИ го донесе во образованието носи несогледливи последици на долг рок. Оваа власт го уништи образованието, а нација со уништено образование е нација со уништена иднина“, дополнуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.