Скопје
Советниците на општина Центар едногласно донесоа одлука за изградба на ОУ „Капиштец“
Советниците на општина Центар донесоа одлука за основање на ново општинско основно училиште “Капиштец”.
За одлуката гласаа 23 советници од сите политички партии застапени во Советот.„Децата од најголемата населба во општината, конечно, добиваат свое училиште. Ова беше дамнешно барање на родителите за кое редовно на избори од политичарите добиваа ветување. Но сега, 500 деца на возраст од шест до петнаесет години ќе можат да се образуваат во модерно и функционално училиште“, велат од локалната власт.Таканаречената „школа-парк“ ќе се наоѓа во Капиштец, на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкијевиќ“ и ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3142 м2.Училиштето ќе биде изградено со примена на современ архитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Ќе се учи преку интерактивни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремена опрема, неопходна за квалитетно образование на децата. Греењето ќе биде подно и во секоја училница ќе има спроведено вода. Во зимски услови, водата во тоалетите ќе се грее преку топлотната мрежа, со што ќе се постигне идеална температура во просториите.Ќе биде овозможен соодветен пристап на лица со посебни потреби, до и во внатрешноста на објектот. Ќе има заштитна тампон зона меѓу влезот во училиштето и околните сообраќајници, со обезбеден паркинг за посетителите и родителите.Заложбата на општина Центар за заштита на животната средина ја покажуваат и планираните зелени површини и ботаничка градина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
(Видео) Левицата: Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе амандмани за измена на Програмата за повластен паркинг за лицата со попреченост.
Оваа Програма опфаќа одредени категории на лица со попреченост, но лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром не беа опфатени, велат од партијата Левица.
„Четири години од оваа говорница се бориме за измена на оваа Програма.Секогаш се наоѓаше некаков изговор да не се направи тоа.На лицата со попреченост им е доста од изговори.Родителите на деца со аутизам и Даунов синдром и онака имаат големи финансиски издатоци за лекување на нивните деца кои Фондот за здравство не ги рефундира, плаќаат приватно дефектолози и сл.така да плаќањето на паркинг простор им е дополнителен товар, бидејќи некои од нив оваа услуга ја користат секојдневно” – истакна во своето излагање Катерина Јовановска- координаторот на советничката група на Левица.
„Иако првично од страна на Градот амандманите не беа прифатени, по аргументираното излагање на Јовановска Советот едногласно изгласа Заклучок – Програмата да биде изменета и лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром да добијат повластен паркинг.
Истово ќе важи и за лицата со попреченост кои што не живеат во Скопје, а доаѓаат во главниот град за лекување“, се додава во соопштението на партијата Левица.

