Топ
Автомобил излета од патот кај Галичица, возилото висело на карпа

На телефонскиот број 112 добиена е пријава за возило кое излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, кај м.в.Коритски Рид.
Патничкото возило е од марката „волксваген“, објави Центарот за управување со кризи.
Возилото висело на карпа, а лицата се неповредени.
„Известен е и Антонио Додевски од Планинската спасителна служба Охрид кој ќе искочи на лице место за да направи увид во состојбата, и потоа ќе известат што понатаму“, велат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин на следната рунда разговори во Ватикан, со цел да се обиде да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Откако ја виде потврдата од Светиот Отец за неговата подготвеност да биде домаќин на следните разговори меѓу страните во Ватикан, премиерката рече дека изразува длабока благодарност до папата Лав XIV за неговата континуирана посветеност на мирот.
Во посебна изјава, италијанската премиерка рече дека разговарала за следните чекори со други европски лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Беше договорено да се одржи тесна координација меѓу партнерите со цел нова рунда преговори насочени кон прекин на огнот и мировен договор во Украина“, се вели во соопштението.
Свет
(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и назначил генерал на вселенските сили чија цел е блокирање на заканите од Кина и Русија.
Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека генералот на американските вселенски сили, Мајкл Гетлајн, ќе биде водечки менаџер на програмата што се смета за клучна за военото планирање на Трамп.
„Златната купола“ ќе ја заштити нашата татковина, рече Трамп од Овалната соба, додавајќи дека Канада изјавила дека сака да биде дел од неа.
„Златната купола“ има за цел да создаде мрежа од сателити за откривање, следење и потенцијално пресретнување на дојдовни ракети.
Имплементацијата ќе трае со години, бидејќи контроверзната програма се соочува и со политичка контрола и со неизвесност во финансирањето. Демократските пратеници изразија загриженост во врска со процесот на набавка и вклученоста на „Спејс Икс“, сојузник на Трамп, Елон Маск, кој се појави како водечки кандидат, заедно со Палантир и Андурил, за изградба на клучни компоненти на системот.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека поради товарно моторно возило сообраќајот беше попречен и се одвиваше по стариот пат низ село Росоман.