Регион
(Видео) Бурата Даниел ги опустоши Грција, Турција и Бугарија, потврдени 14 мртви, пронајдени уште тела
Најмалку 14 лица загинаа во поплавите што ги погодија Грција, Бугарија и Турција, а „Скај њуз“ јавува дека се откриени повеќе жртви, но бројот сè уште не е познат. Потврдена е смртта на 14 лица, додаваат тие.
Потврдена е смртта на три лица, а четворица се водат за исчезнати во централна Грција кога поројниот дожд поплави домови и деловни објекти. Властите трагаат по исчезнати лица, рече министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас.
Still stranded here in #Skiathos after the insane flooding yesterday. I don’t have any direct flights to Berlin from here, my only option are ferries to Thessaloniki or Athens. I need to get out of here! 😭 #stormdaniel pic.twitter.com/v3uhiUbhqu
— Aneeyat Gardezi (@TalesWithAnee) September 6, 2023
Во соседна Турција најмалку седум лица загинаа во поројните поплави, кои предизвикаа обилни врнежи во северозападниот дел на таа земја.
Во Бугарија, од поројните дождови, кои во вторникот го зафатија брегот на Црното Море, загинаа четири лица, соопштија властите во средата, а илјадници туристи беа погодени од катастрофите.
Бурата Даниел предизвика лизгање на земјиштето, уништени мостови, соборени столбови за струја и однесе десетици автомобили, само неколку дена по гаснењето на смртоносниот двонеделен шумски пожар на северот.
Телото на една постара жена е пронајдено во близина на брегот кај пристанишниот град Волос, а 10 лица останале заробени во областа, изјави локалниот градоначалник Михалис Мицикос за телевизијата „Скај“. Еден човек загина во вторникот кога се урна ѕид. Надојдена река ги поплави патиштата и железничката станица во крајбрежниот град Волос, јави репортерот на „Ројтерс“. Десетина луѓе останаа заглавени на насипот во Пелион, изјави локалниот градоначалник.
Жителите велат дека никогаш не доживеале толкава количина врнежи. Во вторникот во Волос наврнале речиси 10 пати повеќе од месечните врнежи.
„Скај њуз“ исто така, известува дека стотици британски туристи се заглавени на своите дестинации по невремето, кое предизвикало носење автомобили и поплавени улици.
Еден турист рече дека центарот на Скијатос, Грција, е под вода и ја опиша ситуацијата како застрашувачка. Се вели дека останале без храна на островот, а не може да заминат бидејќи летовите им се откажани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.