Регион
Никој не дојде да не контактира, ништо не се случува, четврти ден седиме без струја и вода: агонијата на српските туристи кои чекаат евакуација во Грција
Агонијата на српските туристи во Грција продолжува. Повеќе од 100 од нив во областа на Волос и Пелион чекаат евакуација, по невремето и поплавите што го парализираа тој дел од Грција. Се урнаа мостови и патишта, излеаа реки и потоци. Стотици луѓе останаа заробени во поплавените домови. Противпожарната служба и спасувачите евакуираа повеќе од 350 луѓе. Убиени се шест лица.
Невремето стивнува во Грција, но го отсече регионот на Тесалија од останатиот дел од земјата. Телата на две сестри се пронајдени во село во областа Кардица, со што бројот на жртвите од поплавите се искачи на шест.
Некои српски туристи веќе четврти ден не можат да ги напуштат одморалиштата во близина на Волос.
Никој не дојде да не контактира, ништо не се случува, четврти ден седиме без струја и вода“, посочува Владимир Стефановиќ.
„Не би сакал некогаш да се најдете во оваа ситуација. Бараме да не префрлат само со брод, по можност“, вели Мирјана Трајковиќ.
Додека патиштата се уништени под воден порој, туристичките агенции се обидуваат да најдат решение за заглавените туристи во областа Волос. Тие тврдат дека се во контакт со локалните власти, пренесува РТС.
„Се обидуваме да ги евакуираме луѓето од одморалиштето Платањас со брод преку улицата до одморалиштето Пефкин на Евија. Сепак, денес тоа не е можно поради ветерот и брановите. Се надевам дека утре ќе успееме да префрлиме 11 патници кои се во тоа одморалиште“, вели Љубомир Радивојевиќ од туристичката организација „Атлантик“.
Од амбасадата велат дека сите што се упатуваат кон Грција се информирани за проодноста на патиштата кон Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милановиќ му одговори на Додик: Хрватите од Втората светска војна излегоа на вистинската страна
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се огласи во врска со тврдењата на Милорад Додик дека хрватскиот народ е колективно виновен за усташките злосторства. „Има многу малку припадници на хрватската нација кои не се солидаризираа со злосторствата на усташкиот режим“, изјави вчера Додик од Доња Градина, каде што се одржа комеморацијата за жртвите во концентрациониот логор Јасеновац.
Додик ја повтори спорната бројка од 700.000 убиени во Јасеновац, посочувајќи дека во Хрватска „сто години ги остреле секири“ за да почнат да убиваат Срби во 1941 година. Тој најави дека во Доња Градина, Србија и Република Српска ќе градат сопствен споменик на жртвите од Јасеновац со цел „да не се ограничи“ начинот на кој во иднина ќе го одбележуваат.
„Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, изјавите на лидерот на српскиот народ во БиХ, Милорад Додик, во Доња Градина, на комеморацијата на жртвите од усташкиот логор Јасеновац ги смета за неприфатливи и пред се невистинити.
Милорад Додик, покрај повторената невистина за бројот на жртвите во Јасеновац, рече дека „има многу малку припадници на хрватската нација кои не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим“, што апсолутно не е точно и е навреда за сите хрватски антифашисти и хрватскиот народ.
Ваквите матрици само им штетат на интересите на Хрватите и Србите и во Хрватска и во БиХ. Хрватскиот народ излезе од Втората светска војна на вистинската страна на историјата, на победничката страна. Секое различно толкување на историјата, вклучувајќи го и гореспоменатото на Додик, претставува грубо фалсификување на вистината“, се наведува во одговорот на Милановиќ.
Регион
Драма во Белград: 23-годишен маж силувал старица и ѝ се заканил дека ќе ја убие
Белградската полиција уапсила 23-годишен маж со иницијали С. З. поради сомнение дека силувал старица во нејзината куќа.
По наредба на Обвинителството му била одредена мерка притвор до 30 дена.
Старицата случајот го пријавила во полиција на 7 мај годинава.
Полицијата набргу го идентификувала и го привела.
Според „Телеграф“, С. З. влегол во куќата на постара жена во една белградска населба. Потоа ѝ побарал пари, а бидејќи немала, ја принудил на секс.
„Жртвата рече дека младиот човек ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку го пријави во полиција“, пренесува медиумот.
Несреќната жена добила полесни повреди, а била подложена и на здравствени прегледи, според написите.
Регион
Сопругата на Зеленски и шефот на украинската дипломатија во ненадејна посета на Србија
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, заедно со првата дама на Украина, Олена Зеленска, во знак на затоплување на односите меѓу двете земји, беше во ненадејна посета на Србија, пишуваат медиумите во регионот.
Во својата прва посета на Србија од почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година Кулеба се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ и новиот премиер, Милош Вучевиќ.
Во соопштението за печатот на кабинетот на премиерот по разговорите се наведува дека „Србија е посветена на почитување на меѓународното право и територијалниот интегритет на секоја земја членка на Обединетите нации, вклучително и Украина“.
Србија прогласи неутралност во однос на војната во Украина, а нејзините власти повторуваат дека Србија никому не му доставува оружје.
Посетата на Кулеба и Зеленска, кои заедно со првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, го обиколија главниот град на Србија, наиде на критики во Москва. Рускиот медиум „РИА новости“ објави негативни коментари од читателите, кои посетата ја оценуваат „срамна“.