Македонија
ЦУК: Вчера изгаснати 12 пожари, активни два во Сарај и Инџиково

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имало вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден во општина Сарај, кај месност ,,Карпалак” каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума и уште еден во општина Гази Баба, во село Инџиково, каде гори ниска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи.
Изгаснати пожари се 12 пожари и тоа:
– Општина Валандово 2: меѓу с.Удово и с Марвинци (лозје и ниска вегетација), с.Пирава (ниска вегетација и депонија)
– Општина Илинден: с.Дељадровце (стрниште);
– Општина Сарај: с.Бојане (ниска вегетација)
– Општина Бутел: ,,Љуботенски Пат” (ниска вегетација и ѓубре);
– Општина Гази Баба: с.Инџиково (ниска вегетација)
– Општина Струга: Граничен премин ,,Ќафасан” (ниска вегетација);
– Општина Дебар: с.Селокуќи (ниска вегетација);
– Општина Куманово 2: с.Ваксинце (ниска вегетација), спроти бензинска пумпа на ,,Макпетрол” на автопатот Скопје – Куманово во с.Романовце (ниска вегетација);
– Општина Гази Баба, с.Смилковци (ниска вегетација и отпадоци) и во
– Општина Демир Хисар (градска депонија – отпадоци), информираат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Советници открија дива депонија во Илинден, наместо расчистување, добија закани од власта

Кандидати за советници од редовите на СДСМ и Коалицијата денеска наутро алармираа за постоење на дива депонија во с. Миладиновци, општина Илинден, и предупредија дека постои сериозен ризик ситуацијата со загадувањето од Дрисла и Вардариште да се прошири и во овој регион.
Советниците објавија видеа и фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а доказите ги доставиле и до директорот на Јавното комунално претпријатие во Илинден, Борче Мицановски со барање за итна интервенција.
„Наместо брза реакција, расчистување на депонијата и обезбедување на просторот, директорот на јавното претпријатие, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се заканил на кандидатите за советници дека ќе ги пријави за „намерно потпалување“ на депонијата. Овој скандалозен однос е јасен доказ за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ но и на стравот дека ќе бидат казнети од граѓаните. Наместо да ги заштитат граѓаните и нивното здравје, наместо да работат и веднаш да преземат мерки во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со закани и обвинувања некого ќе замолчат или дека ќе побегнат од одговорноста. Ниту СДСМ ниту кандидатите за советници нема да молчат, гласно ќе зборуваат за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден и ќе бараат решенија“, велат од партијата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 30 степени

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Почна реконструкцијата и изградбата на шест спортски терени во Гостивар

Општина Гостивар започна со реконструкција и изградба на 6 спортски терени, од кои 4 се спортски терени, еден парк со спортски терен и едно спортско игралиште, на различни населени места во градот.
Од нив, 3 постоечки терени ќе бидат реновирани и опремени со модерна опрема и тартан подлога, додека 3 нови терени ќе се изградат од почеток, според најсовремените стандарди за безбедност, квалитет и функционалност.
„Нашата цел е јасна: да создадеме простори каде што младите ќе поминуваат квалитетно време, ќе се занимаваат со спорт и ќе растат здрави. Овие инвестиции се инвестиции за иднината на нашите генерации,“ – истакна градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.