Црна хроника
Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот
На 07.09.2023 во 14.30 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје е лишен од слобода малолетник од скопско, поради постоење основано сомнение дека на 20.08.2023 во с.Ќојлија, скопско одзел предмети од С.З., а потоа ги продал на друго лице.
По извршениот службен разговор, малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл. 236 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство зад затворени врати: Закани, туркање и физички напад кај две скопски семејства
Два одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Скопје, информираат од полицијата.
На 21 декември 2025 година, 51-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А. (66) ѝ се заканувал со остар предмет, по што го турнал нивниот 22-годишен син и му упатувал закани.
Во вториот случај, денеска (22 декември 2025 година) во 09:50 часот, во Полициска станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К. (41) од Скопје. Се постапувало по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Сообраќајна кавга завршила со тепачки и оштетени возила во Скопје
Два одделни случаи на физички напади биле пријавени вчера во СВР Скопје, информира МВР.
Првиот случај бил пријавен околу 10 часот, кога на С.М. (47) од Скопје кој се движел со патничко возило од Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Според пријавата, од возилата излегле М.С. и уште неколку лица, кои физички го нападнале, при што употребиле и тврди предмети, а било оштетено и неговото возило.
Вториот случај бил пријавен истиот ден во 16:15 часот. Х.Т. (31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.
Црна хроника
Кражба во Кочани: му ја украл картичката од дома и извадил 90.000 евра од банкомат
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и за „соизвршителство“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ и против Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.
На 29.10.2025 од куќа на лице од Кочани, првопријавениот одзел паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција кој бил неуспешен.

