Црна хроника
Претрес во Штип, пронајдени разни видови дрога, определен притвор за дилерот

СВР Штип до Основното јавно обвинителство Шти поднесе кривична пријава против 42-годишниот А. П. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, извести МВР.
„Имено, по преземените оперативни мерки било дојдено до сознание дека пријавениот во текот на 2023 година набавувал разни видови наркотици, кои во неговите дом и продажен објект во Штип им ги продавал на наркозависници. При претрес во неговиот дом и други простории на 12.9.2023, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го затекнале Х. Д. (27) од Штип кому му продал марихуана што била пронајдена при преглед кај него. Исто така, при претресот во домот и продажниот објект биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин и светлокафеава кристална материја, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и заедно со пријавата бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицаец претепан од осуденик во затворот Идризово

Вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во установата, затворски полицаец бил физички нападнат од осуденикот К.А.(33) од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четирицикл удрил во пешаци во Битолско: четворица повредени

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп.
Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Топ
Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници го уапсија Ф.Л.(18) од Кичево.
Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото.
Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.