Македонија
Се одржа регионален форум за родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ
Во Скопје се одржа регионален форум: „Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ“, во организација на Коалицијата за родова еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ (EQUAPRO).
Настанот ја стави родовата еднаквост во центарот на политичката дебата поврзана со процесот на пристапување во ЕУ и овозможи форум за дискусија, каде што разните регионални фактори заеднички рефлектираа тековни и минати искуства во врска со унапредувањето на родовата еднаквост при процесите за пристапување кон ЕУ и разменија примери на добри практики за родово чувствителен процес на пристапување во ЕУ за сите земји од Западен Балкан.
За време на поздравните обраќања, Биби Грамсон, заменичка на амбасадорката на Шведска, шведската амбасада во Скопје, ја потенцира родовата еднаквост првенствено како човеково право и основна вредност на која се темели Европската Унија. Таа нагласи дека родовата еднаквост е предуслов за демократски и економски напредок во нашите општества за што клучно е да работиме заедно вклучувајќи ги сите засегнати страни преку интерсекциски пристап.
„За жените и девојките да играат целосна улога во нашите општества – и нашите општества да го достигнат својот целосен потенцијал – треба да се справиме со структурните прашања што ги спречуваат жените од еднакво и значајно учество. Затоа, употребата на холистички пристап, кој вклучува прашања за инклузија, законодавство и политика, е од клучно значење“, рече Грамсон во своето обраќање.
Стина Магнусон-Бур, раководителка на канцеларијата за Западен Балкан, Фондацијата „Квина тил Квина“, го посочи диспаритетот кога станува збор за позиции на моќ, каде што жените не се еднакво застапени.
„Жените треба да се консултирани во сите политички одлуки и политички области бидејќи претставуваат половина од населението“, рече МагнусонБ-ур. Таа потенцира дека доколку родовиот аспект не е вклучен, политиките и законите што ги регулираат ќе бидат ограничени и ќе влијаат на важни аспекти од развојот на општеството и обезбедување еднаков пристап и права за сите.
„Родовата еднаквост мора да се вгради во секој аспект со цел да се обезбедат вклучувачки и трансформативни политики; сè додека не постигнеме целосна родова еднаквост, мораме да размислуваме низ призмата на родовите прашања за сите одлуки што ги носиме“, додаде таа.
Тања Иванова, претседателка, реактор – истражување во акција, даде увид во активностите на регионалните партнери во оваа насока и уште еднаш нагласи дека е неопходно е да се земат предвид правата и потребите на сите мажи и жени со сите нивни различности при креирање на политиките и развојните мерки ако сакаме да имаме праведни и еднакви општества.
Во рамките на трите тематски целини панелистите дискутираа за родовите прашања во политичкиот дијалог, за вклучувањето на родовата перспектива во пристапните и поврзаните политики на ЕУ; и за важноста на вклучувањето на граѓанските организации во структурите на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и другите пристапни процеси поврзани со Европската Унија.
Зборувајќи за родот во политичкиот дијалог и процесите на пристапување во ЕУ, Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, нагласи: „Родово еднаквите општества се попросперитетни, побезбедни и праведни. Во таа насока, родовата еднаквост не се однесува само на жените, туку на сите граѓани и на општеството во целина. Борбата против родовите нееднаквости, како и зајакнувањето на жените и заштитата на женските права и активистите во рамките на ЕУ и надвор од ЕУ се приоритети за сите нас“.
„Дополнително, аспектот на родова еднаквост е неизоставен дел од сите фази на пристапување и нивоа на политики“, додаде тој.
Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика (Министерство за труд и социјална политика на Северна Македонија), потенцира дека прашањето за родовата еднаквост е едно од круцијалните прашања кога зборуваме за политичкиот дијалог и процесот на пристапување кон Европската Унија. Таа изрази верување дека во процесот на пристапување во ЕУ, следејќи ги и транспонирајќи ги директивите на ЕУ, во нашето законодавство ќе ги вклучиме и родовите перспективи во политиките, што веќе се рефлектира и во стратегијата за родова еднаквост, која државата ја донела во 2022 година, како и акцискиот план за имплементација на оваа стратегија.
Дрита Абдиу-Халили, државна секретарка и заменичка на главниот преговарач со ЕУ (Секретаријат за европски прашања), во своето обраќање нагласи дека жените не бараат повеќе или помалку од мажите, тие бараат еднаквост, а работата на владите, во соработка со сите важни фактори, е да им обезбедат еднакви можности и на жените и на мажите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

