Црна хроника
32 санкционирани возачи на мотоцикли, 13 возеле без заштитна кацига
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 7 до 12 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на државата за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 32 возачи.
Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Три лица од Скопје во текот на вчерашниот ден, во полициските станици во градот, пријавиле каснување од куче скитник.
На 05.01.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, 50-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, 73-годишниот Д.В. од Скопје пријавил дека на улицата „Ташко Караџа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, А.А. од Скопје пријавил дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани
СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
По преземени мерки и активности било констатирано дека на 16.12.2024 околу 05.00 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.К.К. од Штип.
Исто така, по преземени мерки било констатирано дека во периодот од 28.12.2024 до 31.12.2024, пријавените во повеќе наврати преку смс пораки упатиле закани кон М.А.А. од Штип со намера да му изнудат пари.
Двајцата биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Штип, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Опожарено „бмв х3“ во Охрид, нема повредени лица
Вчера во 21.30 часот во СВР Охрид, 50-годишната С.В. од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улица „Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3“ со охридски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.