Скопје
Герасимовски: Се асфалтира паркингот зад Народната банка
Општина Центар минатата недела го прошири дивиот паркинг зад Народната банка, а денеска и го асфалтира. Станува збор за паркинг што имаше оштетен асфалт и на кој без никаков ред се паркираа автомобили кој каде ќе стигне често и блокирајќи се меѓу себе.

Овие денови Општина Центар го изгреба стариот и испукан асфалт, го прошири паркингот на речиси 3.000 квадратни метри и обезбеди паркинг-места за речиси 250 автомобили. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, беше на увид на асфалтирањето и од таму порача дека, конечно, паркинг-просторот ќе се регулира и ќе се воведе ред во паркирањето.
„Конечно, паркинг-просторот на кој се паркираа автомобили без ред ќе се регулира, прошири и асфалтира. Паркингот беше во лоша состојба, а денеска веќе се асфалтира по што и ќе се обележи во согласност со сообраќајниот проект на ‘Паркинзи на Општина Центар’. Со ова воведуваме ред во паркирањето и безбедноста и на возачите и на пешаците што поминуваат овде“, изјави Герасимовски.

По обележувањето на паркинг-местата со цел да има ред во паркирањето, Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ќе постави и инфо-обележје за корисниците на паркингот. Овој отворен паркинг главно го користат вработени од институциите и околните претпријатија. Општина Центар продолжува да вложува во проекти што воведуваат ред во сообраќајот и го регулираат паркирањето, информираат од Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




