Скопје
Костовски: Бутел, конечно, добива плоштад
Денес, имам особена чест што во посета на Бутел е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно бевме на повеќе локации, бевме и на еден спортско-рекреативен центар, кој го отворивме пред неколку дена. Знаете дека во секое населено место имаме по еден спортско-рекреативен центар, а во моментот се наоѓаме на првото место, кое слободно може да го наречеме плоштад што го носи името „Слобода“, извести Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел.
„Конечно, општина Бутел добива едно место каде што ќе може луѓето да се собираат и да организираат манифестации на отворено. Не е ова ветениот плоштад што го најавивме пред изборите, ова е плоштад што не беше најавен, а е изграден, а најавениот ќе биде многу поголем и ќе се наоѓа на територијата на Бутел 1, веднаш до црквата ‘Свети Јован’ и се надевам дека набргу ќе почнеме со работа и таму.
Тоа што би сакал да го истакнам е дека плоштадот на кој се наоѓаме денес е со вредност од речиси 4 милиони денари и би сакал да истакнам дека следната недела, конечно, реализираме предизборно ветување повеќедецениско барање на граѓаните, а тоа е уредување и изградба на ново корито на реката Серава на потегот Радишани и ќе бидете известени за почетокот на изградбата“, рече градоначалникот на општина Бутел.
„Веднаш потоа ќе изградиме и трим-патека за рекреирање, така што, конечно, граѓаните на Бутел ќе добијат вистинско место за рекреирање на територијата на општина Бутел, проект вреден околу 40 милиони денари и навистина и јас и мојот тим се гордееме што реализиравме едно од клучните предизборни ветувања.
Училиштето во Визбегово ќе почне со работа од 1 октомври. Во завршна фаза е веќе и завршена градинката на територијата на општина Бутел, во моментот асфалтираме улици и до крајот на оваа година ќе има 60 нови асфалтирани улици за период од две години, што не било случај за 10 години.
Општина Бутел се менува и ќе продолжиме со посилно темпо, особено за периодот кога многу бргу ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и за разлика од сега, кога немаме помош од централната власт, тогаш секако ќе имаме квалитетна помош за уште подинамично и поквалитетно да работиме на територијата на општина Бутел и секако претседателот Мицкоски како иден премиер со огромна поддршка на сите проекти што ќе треба во иднина да ги реализираме“, додаде градоначалникот на Бутел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“
Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало.
Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор, велат од Општината.

„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот, велат од Општината.

„Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето на просторот што подолго време беше бесправно узурпиран.
Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.

Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред во општината“, се додава во соопштението.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола
Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.
„Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.

