Свет
„Ерусалим пост“ објави список на влијателни Евреи: Пригожин е на него, но Зеленски не е

„Ерусалим пост“ вчера по повод Рош Хашана, почетокот на еврејската нова година, ја објави својата годишна листа на највлијателни Евреи. Интересно е што на списокот е и основачот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во Тверската област во Русија на 23 август годинава.
Таткото на Пригожин, кој починал кога Пригожин имал девет години, бил Евреин. Откако одлежа речиси една деценија затвор за кражба, Евгениј Пригожин со помош на својот очув Евреин, штандот за хот-дог го претвори во империја на луксузни ресторани и стана познат како „готвачот на Путин“, пишува „Ерусалим пост“.
Пригожин потоа ја создаде и управуваше фармата за тролови на Агенцијата за истражување на Интернет за интензивно да се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година. Израелските медиуми истакнуваат дека Пригожин го привлече глобалното внимание дури оваа година кога започна краткотраен, но добро поддржан бунт против режимот на Владимир Путин.
Откако јавно ги критикуваше постапките на членовите на руското воено раководство и ги обвини дека ги нападнале вагнеровците во Бахмут, тој нареди марш кон Москва. Тоа беше најмасивниот бунт во целото 23-годишно владеење на Путин, што заврши со договор со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не се најде на листата на највлијателни Евреи оваа година. Минатата година тој се најде на првото место на листата на 50 највлијателни Евреи. „Нема многу политички лидери кои се издигнати до статусот на икона, но украинскиот претседател Володимир Зеленски стана еден од нив“, објасни тогаш „Ерусалим пост“ за неговото вклучување на списокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.