Црна хроника
Приведени осуммина крадци, расчистени 10 кривични дела, пронајдените предмети вратени на сопствениците
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 7 кривични дела тешка кражба и 3 кривични дела кражба, извршени во викенд-куќи, куќи и возила, на територијата на град Штип, во периодот од јануари до јули годинава.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д. А. (30), А. Д. (18), Џ. И. (33), Т. Ј. (18), А. С. (40) сите од Штип, Ј. М. (20) од Струмица, С. Р. (22) од Радовиш и С. Р. (20) од Кочани, сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.
Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.
Поголем дел од украдените предмети бил пронајдени, одземен и вратен на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

