Спорт
Четворица играчи на Јунајтед влегле во клинч по поразот од Брајтон
Рано утрово англиските медиуми објавија дека атмосферата во Манчестер јунајтед е драматично нарушена. Дека многу работи во клубот не одат според плант покажа и дебаклот во саботата на домашен терен од Брајтон (1:3). По мечот имало жесток конфликт меѓу четворица фудбалери.
Против Брајтон, фудбалерите на Манчестер јунајтед изгледаа како никогаш да не одиграле ниту еден натпревар заедно, а сето тоа кулминираше по натпреварот во соблекувалната.
Според англиските медиуми, по натпреварот се случиле два одвоени инциденти во соблекувалната во кои учествувале четворица играчи.
Прво, капитенот на клубот Бруно Фернандеш решил да му каже некои работи на помладиот колега од средниот ред, Скот Мектоминеј.
Против Брајтон младиот Шкотланѓанец го имаше првиот старт сезонава во Премиер лигата. Како одигра подобро беше повторно да биде резерва.
Жесток конфликт имале и партнерите во последната линија, Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.
Останува да се види како Ерик Тен Хаг ќе ја реши оваа ситуација, бидејќи ова на тест го става авторитетот што ги има во соблекувалната.
Манчестер јунајтед моментално се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот има добри вести: Собослaј е подготвен, се враќа Фримпонг
На прес конференцијата на Арне Слот пред гостувањето на Ливерпул кај Тотенхем имаше добри вести, но „Црвените“ одат во Лондон без седум играчи. Тотенхем и Ливерпул играат во 18:30 часот.
Иако имаше многу шпекулации, Арне Слот вели дека Доминик Собослај треба да биде подготвен за натпреварот во сабота. Добрата вест е дека повредата на Коди Гакпо не е толку сериозна како што првично се чинеше.
Конор Бредли, кој ја отслужи суспензијата против Брајтон, исто така ќе се врати во тимот, а ќе се врати и Џереми Фримпонг, кој отсуствуваше поради повреда од 22 октомври.
Заедно со добрите вести, има и некои не толку пријатни. Арне Слот не може да смета на Џо Гомез, Мохамед Салах не е тука, исто така и Ватару Ендо, Џовани Леони, Стефан Бајчетиќ, Џејден Фанс и Кајде Гордон.
Слот објасни дека ќе знае дали Собослај може да биде на теренот од самиот почеток, по денешниот тренинг, односно кога ќе разговара со медицинскиот персонал после тоа.
„Ако се чувствува добро, ако сè оди како што треба, тогаш ќе биде стартер“, рече Слот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона сепак ќе го откупи договорот на Рашфорд
Макрус Рашфорд (28) ја оправдува довербата што клубот му ја покажа кога го донесе на позајмица минатото лето со неговите настапи во дресот на Барселона. Англискиот напаѓач досега постигна седум гола и девет асистенции во 23 официјални натпревари. Затоа, во спортскиот сектор, Барселона сè повеќе размислува за активирање на откупната клаузула, пишува „Мундо Депортиво“.
Рашфорд се покажа како исклучително важно решение за тренерот Ханси Флик, особено во периодот кога тимот беше без повредениот Рафиња речиси два месеци. Напаѓачот, на позајмица од Манчестер Јунајтед до 30 јуни следната година, ја искористи својата можност и играше на многу високо ниво.
Затоа, раководството на клубот во овој момент ја разгледува опцијата да ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра и да го задржи Англичанецот во своите редови.
Она што особено се цени кај англискиот репрезентативец е неговата разноврсност. Рашфорд може да игра на лево и десно, но и како централен напаѓач, што му дава на Флик многу тактички опции, особено во случај на повреди на други играчи.
Неговиот придонес е видлив не само преку головите, туку и преку деветте асистенции кои сведочат за прецизноста на неговите додавања и центрирања, без разлика дали од игра, корнери или слободни удари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капело му се восхитува на голманот на Рома
Пред натпреварот помеѓу Јувентус и Рома, легендарниот тренер Фабио Капело ги откри своите очекувања за дербито во Серија А.
Капело некогаш ги водеше двата клуба, а сега издвои четири фудбалери кои би можеле да бидат клучни фактори во играта, а како Икс фактор го издвои голманот на Рома.
„Свилар. Тој е најдобриот голман во лигата со неверојатен преглед на играта и извонредни одбрани. Тој е голман кој се смета за напаѓач во целокупниот биланс на тимот“, рече славниот Капело.
Што се однесува до другите играчи, Капело го гледа и бразилскиот бек Весли како клучен фактор во Рома, додека Кенан Јилдиз и Франциско Консеисао се во преден план во тимот на Јувентус.
Јуве и Рома се среќаваат во сабота на стадионот „Алијанц“ во Торино во 16-то коло, во Серија А.
„Црно-белите“ се петти на табелата со 26 бода, четири бода зад четвртопласираниот противник.
Foto/ freerangestock

