Скопје
Герасимовски: 110 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

110 решенија на барателите за остварување на правото за користење парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари Општина Центар ја доделува редовно во рамките на проектот на Општината за првична помош и поддршка на родителите што се жители на општина Центар и имаат принова во семејството.
На семејствата, Герасимовски, покрај решенијата, им подели пригодни подароци од компаниите „Хип“, „Геопром“, „Европа лек фарма“ и „Веледа“, како и бесплатни педијатриски услуги од клиниката „Жан Митрев“.
„Дечињата се наша најголема радост. Приновата во семејството значи нова среќа, нов мотив да работиме и остваруваме повеќе за нивна подобра иднина. Затоа наша задача е да направиме поубаво и подобро општество за сите нови генерации во општината. Мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство“, изјави Герасимовски на доделување на решенијата.
За добивање парична помош за новороденче, според правилникот, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во општина Центар, фотокопија од извод од Матичната книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.
Со оваа активност Општина Центар покажува грижа за најмладите жители бидејќи децата се најголемата радост за секое семејство, велат од таму.
Додаваат дека Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите, кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Во согласност со правилникот за добивање парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)