Спорт
Скариоло ќе го тужи Виртус за клевета
Серхио Скариоло размислува да го тужи Виртус кој го отпушти пред првиот натпревар од новата сезона.
Неколку дена по отказот, сопственикот на Виртус, Масимо Занети го критикуваше Скариоло.
„Кога Скариоло одеше на состаноци со Торонто Репторс и Реал Мадрид, тој не третираше како тим од втора класа“, рече Занети.
Според информациите на шпанскиот портал „Релево“, Скариоло никогаш не се сретнал со Реал Мадрид и сега размислува за тужба.
Бордот на тренери во Евролигата соопшти дека го поддржува Скариол и дека очекува Виртус целосно да ги исполни обврските од договорот.
Скариоло беше отпуштен по коментарите на прес-конференција, кога рече дека раководството го формирало тимот и дека сите прашања во врска со тоа треба да бидат упатени до нив.
Скариоло го предводеше Виртус во претходните две сезони и го освои Еврокупот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
И Аврамовиќ замина од Партизан
По Кевин Пантер, Зек Лидеј, Френк Камински, Пи-Џеј Дожер и Алекса Аврамовиќ го напушти кошаркарскиот клуб Партизан.
Како што пренесува „Меридијан спорт“, дефинитивно завршува соработката помеѓу Партизан и Алекса Аврамовиќ, српскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.
Дел од српските медиуми тврдат дека Аврамовиќ ќе се пресели во редовите на новиот евролигаш, Париз, каде тренер наскоро во нов тренер треба да биде промовиран поранешниот капитен на Партизан, Петар Божиќ.
Аврамовиќ дојде во Партизан од шпански Естудијантес во 2021 година, ја освои АБА лигата во 2023 година.
Спорт
(Видео) Погба: Пол Погба повеќе не постои
Пол Погба (31), играчот од средниот ред на Јувентус и светски шампион со Франција во 2018 година, пред четири месеци, беше суспендиран на четири години поради допинг. Казната ја одерди италијанското обвинителство за борба против допингот.
Погба е суспендиран затоа што тестот на кој бил подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажал дека има вишок тестостерон.
Деновиве на социјалните мрежи кружи видео на кое Погба настапува со депресивен тон:
„Завршив. Мртв сум. Пол Погба повеќе не постои“, беше објавено во кратко видео.
Погба целата своја професионална кариера ја помина во два клуба, а иако е Французин, ниту еден од нив не е од неговата татковина.
Во академијата на Манчестер јунајтед пристигна на 16-годишна возарст од ле Авр, во 2009 година. Три години подоцна тој се пресели во Јувентус без обештетување. По четири години, летото 2016 година, тој се врати во Јунајтед со отштета од 105 милиони евра.
После шест години, Погба повторно се врати во Јувентус и повторно го напушти „Олд Трафорд“ како слободен играч.
Но во втората сезона таму поради повреди и споменатата суспензија поради допинг одигра само 12 натпревари.
Погба освои четири шампионски титули и два купа со Јувентус, сите во неговиот прв мандат во клубот. Како играч на Манчестер јунајтед ги освои Лига Купот и Лига Европа.
"I’m over, I’m dead. Paul Pogba doesn’t exist anymore." 😞💔
— CentreGoals. (@centregoals) June 23, 2024
Спорт
(Видео) Кошаркарски експерти: Синот на Леброн не е за во НБА лигата
Американските кошаркарски стручњаци, му дадоа лоша оценка на синот на Леброн, Брони Џејмс пред НБА драфтот. Драфтот ќе се одржи на 26 јуни во Њујорк.
Американските медиуми често пишуваа за Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс, кој од УСЦ Универзитетот бара шанса во НБА. Медиумите долго шпекулураа дека тимот што ќе го добие Брони на драфтот, во пакет со него ќе го добие и неговиот славен татко Леброн.
Сепак, кошаркарските стручњаци оваа година го рангираа Брони Џејмс на 72-то место, што генерално се смета за едно од најлошите во последните многу години.
Да потсетиме, НБА драфтот има 60 позиции, а Брони Џејмс е рангиран 12 места подолу од последниот пик…
„Мораме да бидеме искрени. Никој не би го погледнал Брони Џејмс како НБА перспектива, доколку неговиот татко не е Леброн Џејмс. Тој не е за НБА. Не е подготвен. Му требаат уште најмалку две години работа на пониско ниво за да се развие и за тоа му треба топката во раце и многу минути што би значело најмалку две години во развојната лига, ако ме прашате мене, не вреди да се инвестира во него, затоа што може да добиете 3&Д играч (путира тројки и игра одбрана). Не можам да го рангирам надвор од најдобрите 75 на драфтот бидејќи е интелигентен и има сјајни атлетски предизпозиции. Сепак, тој не е близок до најдобрите играчи на овој драфт, најдобро би било за него да се врати на универзитетот и да се обиде да направи се што е мжно да стане подобар играч“, напиша Сем Весини, НБА драфт експерт за порталот Атлетик.