Европа
Руски воздушен напад врз Киев, седум ранети, меѓу нив и девојче
Руските сили рано утринава извршија воздушен напад врз Киев, соопштија властите во главниот град на Украина. Во објава на „Телеграм“, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека воздушната одбрана ги одбила нападите, но дека некои згради биле оштетени.
„Експлозии во градот. Противвоздушната одбрана работи. Останете во засолништата“, рече Кличко и потоа додаде: „Имаше уништување нестанбени згради во областа Дарнички“.
Деветгодишно девојче е меѓу седумте повредени во руските напади утринава во Киев, извести градоначалникот на главниот град.
‼️During the night, Russia launched a massive missile attack on Ukraine. Explosions were heard in Kyiv, Kharkiv, Rivne, Cherkasy, Khmelnytskyi, and Lviv regions.
• Over #Kyiv and its surroundings, air defenses destroyed 20 Russian targets. Missile fragments fell in three… pic.twitter.com/eXTpZoVgWV
— KyivPost (@KyivPost) September 21, 2023
Тој рече дека повредени се пријавени во областа Дарнички во главниот град. Дете и 18-годишна жена се хоспитализирани кога остатоци паднале од инфраструктурен објект врз станбена зграда, додаде градоначалникот на Киев.
Кличко исто така предупреди на прекини на струја и вода во некои делови на главниот град.
Серхи Попко, шеф на градската воена управа на Киев, рече дека остатоци паднале на земјата во најмалку две области.
„Предупредување за воздушен напад во Киев. Како резултат на работата на противвоздушната одбрана за соборување на непријателски цели, остатоци паднаа во областите Холосијевски и Дарнички“, рече Попко во објавата на „Телеграм“.
„Сите служби за итни случаи се на пат. Информациите за жртви и штети се разјаснуваат. Останете во засолништа додека не помине воздушната тревога“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

