Македонија
Маричиќ на средба со Ескобар: САД дејствуваат за напредок на регионот на Западен Балкан
На конструктивната средба со Габриел Ескобар, американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, потврдивме дека нашето стратешко партнерство ги зајакнува односите меѓу двете држави и нашето заедничко дејствување за напредок на целиот регион кон ЕУ, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
„Со премиерот Ковачевски ја изразивме подготвеноста на Владата и определбата за продолжување на сите реформски процеси, кои се од клучно значење за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Работејќи на нов напредок во преговорите со ЕУ, веруваме дека во наредниот период ќе ги оправдаме очекувањата на нашите сојузници и ќе продолжиме во правец за брзо членство во ЕУ, а САД ќе продолжи да ги поддржува реформите на патот кон ЕУ.
САД ги цени волјата и сериозниот пристап кој Северна Македонија го има кон евроинтеграцијата и одржувањето на стабилноста и мирот на целиот регион, што нè прави кредибилен и важен партнер на НАТО, чиј придонес е признат и ценет“, истакна Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

