Црна хроника
Акциска контрола, констатирани 75 сообраќајни прекршоци на територијата на Македонија
Во текот на денешниот ден, во периодот од 06 до 10 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, со цел зголемување на безбедноста на учениците односно нивниот транспорт до училиштето и назад.
При акциската контрола констатирани се 75 прекршоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (19 на подрачје на СВР Штип, 14 СВР Велес, 10 СВР Битола, по 9 на подрачје на СВР Струмица и Куманово, 7 СВР Охрид, 4 СВР Тетово и 3 СВР Скопје) и 9 прекршоци од Законот за возила (5 на подрачје на СВР Тетово и по 1 на подрачје на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Штип и Куманово). За време на акциските контроли извршени се проверки на 52 возила кои вршат јавен превоз, а презмени се и други активности. По извршените проверки, 37 возила се упатени на вонреден технички преглед, додека 13 возила се исклучени од сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

