Спорт
Стивен Џерард ќе му ја спасува кариерата на Лингард
Англискиот фудбалер Џеси Лингард, по разочарувачката сезона во Нотингем Форест, летово тренираше во со Вест Хем, сега е во Ал-Етифак каде настојува да потпише договор.
Овој судиски клуб од клупата го води легендарниот Стивен Џерард.
Договорот е Лингард да тренира со тимот еден месец, по што клубот, а пред се Џерард ќе одлучат дали ќе му понудат соработка на поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед.
Кариерата на Лингард веќе долго време е во пад, а тоа го потврди и неговиот престој во Форест, каде на 22 натпревари не постигна ниту еден гол, поради што „шумарите“ се разделија со него.
Сега, по еден месец тренинзи во Вест Хем, тој бара начин да се врати на големата сцена, но по заобиколен пат, преку Саудиска Арабија.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кјер и официјално замина во пензија
Данецот Симон Кјер стави крај на професионалната кариера. Кјер беше без клуб од 30.јуни кога го напушти Милан.
Последниот натпревар во кариерата го одигра на 8.јуни во дресот на националниот тим против Норвешка.
Тој летово имаше неколку понуди од екипи од Лигата на шампионите, но сите ги одби.
„Сега навистина е време да го завршам овој дел од мојот живот. Во мислите сакав да ја завршам кариерата во Милан. Знам дека досега во мојот ум и со процесите во мојата глава, не можев да замислам подобар крај на мојата кариера“, рече тој.
Инаку, овој фудбалер во текот на својата кариера настапуваше за Митјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севилја, Аталанта и Милан.
За данската репрезентација одигра 132 натпревари, постигнува пет гола.
Спорт
Филкруг ќе отсуствува неколку недели
Вест Хем неколку недели нема да може да смета на услугите на германскиот напаѓач Никлас Филкург. Напаѓачот се повреди во петокот, за време на натпреварот од третото коло на ФА Купот против Астон Вила (1:2).
Филкруг пристигна во Вест Хем во август 2024 година и оттогаш одигра 11 натпревари, во сите натпреварувања, постигна два гола.
Отсутвото на Филкрук е дополнителен проблем за новиот тренер на Вест Хем, Геам Потер. Од претходно, сезоната ја заврши Микел Антонио, кој преживеа страотна сообраќајна несреќа.
Инаку, Филкруг во кариерата играше за Вердер Бремен, Нирнберг, Гројтер Фурт, Хановер и Борусија Дортмунд.
Спорт
Гвардиола „воспита“ млади навивачи: Одете и учете немојте да бркате автограми
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола им одржа лекција на младите навивачи кои дојдоа до него со куп дресови, фотографии и тетратки и му побараа автограм.
Гвардиола вообичаено нема проблем да потпишува сувенири, сепак, овој растечки тренд кај младите очигледно почна да го нервира.
Харизматичниот тренер бил снимен како им вели повеќе да не го прават тоа, дека повеќе нема да им дава автограми, по што на сите им рекол дека треба да се вратат на училиште.
„Немојте да се враќате повеќе, нема да потпишувам. Ги запомнив вашите лица. Вратете се на училиште и подготвувајте се. Млади сте, не трошете време. Дали вака сакате да го поминете животот? Навистина. Дали е ова она што сакате да го правите во текот на животот. Кои се вашите сништа, по ѓаволите“, рекол Гвардиола.
Специјализираниот фудбалски портал „Гол“ го истакнува растечкиот тренд на собирање потписи на познати личности исклучиво за профит.
„Навивачите често чекаат пред тренинг центрите и бркаат автграми само за да ги стават на продажба еден час подоцна“.
Pep Guardiola giving autograph hunters a lecture! 🫡
“You want to spend your life doing this?”
— City Chief (@City_Chief) January 12, 2025