Свет
Тригодишно дете и двајца возрасни убиени на Флорида поради расправија за купување куче
Тригодишно дете и двајца возрасни се убиени во саботата во станбен комплекс на Флорида по расправија за продажба на куче, соопшти локалната полиција.
Помошник-началникот на канцеларијата на шерифот во Џексонвил изјавил дека петмина луѓе, меѓу кои и едно дете, отишле вечерта во 22 часот во луксузен станбен комплекс, за да се договорат за купопродажба на куче, со засега непознати луѓе.
Меѓу нив настанала расправија по што дошло до пукање. Три лица загинаа, а третиот возрасен од групата е ранет. Сведоците им кажале на полицајците дека двајцата мажи побегнале со автомобил.
Двајцата возрасни убиени и еден ранет се на возраст од 20 години. Нивните имиња не се соопштуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен: Ако Путин го прекине бомбардирањето, мировните преговори може да почнат следниот ден
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија.
Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ).
Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.
– Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече таа.
Регион
(Видео) „Мислевме дека е мачка“: се огласи момчето кое најде бебе во канта за ѓубре во Загреб
Синоќа во Запрешич во Загреб во канта за ѓубре било пронајдено новороденче.
„Се враќавме од тренинг и слушнавме плачење. Застанавме и мислевме дека е куче или мачка и некој ги фрлил. После тоа, пријателот собра храброст и погледна во кантата. Виде бебе со крвава глава завиткано во крпа“, изјави М.Ј, момче кое во понеделникот вечерта во Загреб заедно со другарот пронашле новороденче во канта за ѓубре.
View this post on Instagram
„Кога другар ми рече дека бебето е внатре, бев во шок, не можев ни да погледнам, веднаш се јавив на 112. Госпоѓата која одговори не праша дали можеме да го извадиме бебето од канта. Бебето сепак беше внатре додека не дојде брзата помош“, вели момчето.
Новородено бебе, кое синоќа беше пронајдено, завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност.
Свет
Зeленски: Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави каква е ситуацијата на фронтот.
„Олександар Сирски извести за состојбите во областите на борбените операции. Регионот Доњецк, регионот Харков – каде што е најтешко сега. Тој е на клучните места – работи со бригади, на борбени позиции. Се уште е рано да се носат заклучоци, но ситуацијата е под контрола“, рече Зеленски и додаде:
„Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува. Сè е доволно стресно. Но, ги зајакнавме насоките, особено Харков. Сега многу војници, особено жителите на Харков дојдоа во одбрана на регионот Харков, благодарност до сите за нивната ефикасност“, додаде претседателот на Украина.