Топ
46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

46-годишна жена од Кочани утрово била избодена по претходна расправија со свој сограѓанин.
Полицијата за „Макфакс“ потврдува дека, денеска, во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У. Р. (59) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 6.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала таа, со остар предмет ѝ нанел убодни рани на Т. М. (46) од Кочани.
Жената, како што соопшти полицијата, починала на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот, против У. Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а федералната полиција уапси една жена (39).
Железничкиот сообраќај е целосно запрен на главната станица. Нападот се случил помеѓу пероните 13 и 14. Крвавите дамки на подот сведочат за ужасниот злостор.
🚨#BREAKING: MASS STABBING IN HAMBURG — 3 CRITICALLY INJURED 🇩🇪🔪
At least 12 people stabbed at Hamburg’s central train station. 3 victims are fighting for their lives. Attacker is in custody.#Hamburg #Germany #Stabbing #BreakingNews #PublicSafety pic.twitter.com/IDQ3yjXOQY
— Kedar (@Kedar_speaks88) May 23, 2025
Првично се зборуваше за осум повредени лица, но потоа полицијата прецизираше дека три жртви се на работ на смртта, тројца се тешко повредени, а шест лица имаат полесни повреди. Според последните информации, седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Според информациите од „Билд“, некои од повредените добиваат итна медицинска помош во возовите.
Позадината на чинот засега е нејасна, како и деталите за нападот. Во меѓувреме, пристигна тим за кризна интервенција на Црвениот крст за да се грижи за семејствата на жртвите.
BREAKING – A woman was arrested at Hamburg Central Station, Germany, in connection with a stabbing incident that injured 12 people, six of whom sustained serious injuries.
An ongoing police operation is underway, with authorities yet to disclose the suspect's identity or… https://t.co/Ea0KJqEmny pic.twitter.com/xQGnUUUpuG
— Vanguard Intel Group 🛡 (@vanguardintel) May 23, 2025
Портпаролот на противпожарната служба на Хамбург изјави за новинската агенција АФП дека 12 лица се повредени, од кои некои се во животна опасност. „Според првичните сознанија, едно лице наводно повредило неколку лица со нож на главната станица. Осомничениот е уапсен од полицијата“, објави полицијата во Хамбург на Икс. Полицијата подоцна додаде дека верува оти жената дејствувала сама.
Регион
(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, дел од автопатот бил под вода.
Бројни улици во Белград беа исто така поплавени. Подводниот премин во близина на железничката станица во Раковица е под вода.
Според извештајот на репортерот на Н1, во Авала паѓало град со големина на лешници.
Топ
Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две лица го загубија животот.
„Денеска во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на булеварот „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“ во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР