Регион
Новиот лидер на СИРИЗА: „Да не го познавав капитализмот однатре, можеби немаше ни да бев левичар“

Поранешниот министер и новодојденец на грчката политичка сцена, Стефанос Каселакис (35), го презеде раководството на грчката левичарска партија СИРИЗА, главната опозициска партија, која се надева дека ќе закрепне од тешкиот изборен пораз што го претрпе оваа година.
Стефанос Каселакис е адвокат, поранешен соработник на „Голдман Сакс“, глобална инвестициска банкарска групација, транспортен претприемач и поранешен министер.
Како победник на партиските избори минатата недела, тој го презеде раководството на партијата од Алексис Ципрас, жесток левичар, чија реторика против штедење ги собра гласачите околу СИРИЗА за време на должничката криза. Сепак, Ципрас беше принуден да поднесе оставка како лидер на партијата во јуни оваа година кога СИРИЗА на изборите освои само 18 отсто од гласовите.
„Да не го гледав капитализмот однатре, да не видев неправда поради парите, можеби немаше да бидам ни левичар“, објави Каселакис неодамна на својот фејсбук-профил.
Каселакис почна умерена кампања на социјалните мрежи во август ветувајќи дека ќе ја собори Нова демократија, а потоа ќе порази пет партиски предизвикувачи, од кои повеќето беа високи членови на СИРИЗА.
На изборите на СИРИЗА на 16 септември тој успеа да освои 45 отсто од гласовите од вкупно 147.000 партиски члена, но неговата кандидатура ги подели поддржувачите на СИРИЗА бидејќи многумина веруваат дека неговиот профил не одговара на традиционалната левица. Неговата победа, сепак, ги потресе политичките противници на СИРИЗА, кои го гледаат како закана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.