Македонија
Тренчевска: Ќе се залагаме за еднаков пристап на лицата со попреченост во сите населени места во државата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, и официјално го означи почетокот на работа на сензорната соба во склоп на Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола. Сензорната соба, која е дел од дневниот центар, има цел да ја потпомага стимулацијата на сетилата за слух, вид, допир, мирис и воедно влијае на развојот на фината моторика. Опремувањето на собата е поддржано од страна на невладината организација „Деца од Австрија“ и компанијата „Интервокс“, кои заедно учествуваа во опремувањето.
„Уште еднаш се покажа дека заедничката работа и вклученоста на сите фактори во општеството, невладиниот сектор, бизнис-секторот и Владата преку своите институции дава најдобри резултати од кои директна придобивка имаат граѓаните“, рече Тренчевска.
Ги истакна и политиките и мерките што Владата ги донесе во изминатиот период, а се однесуваат на лицата со попреченост. Таа истакна дека со покачувањето на правото за попреченост за 14,2 % и правото за посебен додаток од 30 % директно се придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Таа додаде дека покрај материјалните права, Министерството работи и на услуги и дека тоа на дело се покажува со воспоставувањето дневни центри, помош и нега во домот, лична асистенција и образовни асистенти.
На крајот, министерката посочи дека Министерството ќе продолжи да се залага за воспоставување еднаков пристап на лицата со попреченост во сите услуги во сите населени места во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

