Црна хроника
Пронајдено безживотно тело на лице од Шишево што паднало од мост

Во текот на вчерашниот ден во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.А.(41) од с.Шишево, скопско, лице со здравствени проблеми, паднал од мост во селото во реката Треска.
По преземени мерки, полициски службеници од Полициското одделение Сарај, Полициската станица Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле телото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, приведено едно лице

Полицијата во Кочани го приведе 36-годишниот К.И.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.
Црна хроника
Притвор за српски државјанин кој кај Гевгелија возел со лажни италијански таблички

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за фалсификување исправа.
Осомничениот на 24 јули, на регионалниот пат Гевгелија – Богданци управувал автомобил Фолксваген поло со лажни италијански регистарски таблички.
Полициски службеници во близина на раскрсницата Ѓавато му дале светлосен знак да застане за да извршат редовна контрола. Но осомничениот не запрел туку го забрзал возилото, а полицајците го следеле. Кај местото викано „Карпи“ го оставил автомобилот и побегнал, но по кратко време бил пронајден. Полицијата констатирала дека осомничениот не поседува сообраќајна дозвола или каква било друга документација за да се утврди потеклото на возилото, додека регистарските таблици припаѓаат на друго возило.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија определи мерка притвор во траење од осум дена за осомничениот.
Црна хроника
Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.