Контакт

Култура

„Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Националната опера и Балет и НУ „Танец“

Објавено пред

На сцената на Националната опера и Балет на 27 септември 2023, со почеток во 20 часот, ќе се одржи ексклузивен настан, „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Националната опера и Балет и НУ „Танец“.

dobivaj vesti na viber

Првпат во македонската понова историја, „Танец“ и Националната опера и Балет ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на „Танец“. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестро Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапува оркестарот, хорот и игроорниот кор на НУ „Танец“, како и оркестарот и хорот на НУ Национална опера и Балет.

„Фолклорно-класична симбиоза“ е проект замислен како музичка фузија на две традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на „Танец“). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.

ПРОГРАМА:

ОСОГОВКА
(Д. М. Алексов – Ѓ. Димчевски)
ВОДАРКИ
(Б. Велевски / Д. М. Алесков – Ѓ. Димчевски)
КАРАВЛАШКО ОРО
(К. Петровски – ар. Д. Илиевски)
ЧЕТВОРКА
(П. Атанасовски – ар. Д. Илиевски)
ПИПЕРКОВО ОРО
(Т. Огненовски – ар. Д. Илиевски)
МАЛЕШЕВКА
(Ј. Блажевски – С. Митев / В. Терзиски)
КОГА СЕ МАЖЕШЕ, ШТО ТИ СЕ ЧИНЕШЕ
(народна – ар. Д. Илиевски)
СВИТА ВО 12/8
(сплет народни песни – ар. Д. Илиевски)
ЖЕТВАРКА
(Д. М. Алексов – Ѓ. Димчевски)
АЈДЕ БОЛНО ЛЕЖИ МОЈТО ЛИБЕ
(народна – ар. Д. Илиевски)
ДРАЧЕВКА
(народно оро – ар. Д. Илиевски)
ПИРИНСКО ПРОЛЕТНО ЦВЕЌЕ
(С. Каранфилов – С. Костовски / К. Зифовски)

Култура

Двојна изведба на раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на сцената на Националната опера и Балет

Објавено пред

На 30 октомври и 2 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

dobivaj vesti na viber

Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), а на 2 ноември: Наташа Трендафилова Гицев и Валери Љубенко (Украина).

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите.“ – Василиј Медведев, кореограф

Прикажи повеќе...

Култура

Финската современа кинематографија првпат пред македонската публика на МФФ „Киненова“ 

Објавено пред

Традиционално МФФ Киненова претставува една кинематографија преку програмата „Фокус на…“ Оваа година тоа е за нас далечната, северна и студена земја, но според филмовите кои се прикажуваат на Киненова, прилично потентна кинематографија, финската, рече директорот на фестивалот Киненова, Небојша Јовановиќ при претставувањето на финската кинематографија на кое присуствуваше Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова и амбасадорот на Финска во Македонија, Никлас Линдквист, како и бројни љубители на филмската уметност.

dobivaj vesti na viber

На овогодишното 9. издание на МФФ Киненова за прв пат е претставена финската современа кинематографија пред македонската публика. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа.

На програмата се два феноменални филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали: „Девојки“ и „Караоке рај“.

„Девојки“ во режија на Али Хапасало раскажува приказна за три млади жени кои се обидуваат да му пркосат на постојаниот зимски мрак во Финска и се движат меѓу соништата, реалноста, пријателството и врските, обидувајќи се да разберат сè. Улогите ги толкуваат: Аму Милоноф, Елеонора Кауханен, Линеа Леино

Номинации и награди: Берлинале, Санденс, Мотовун

Али Хапасало е финска режисерка и сценаристка. Добила признание за пишување и режија на проектот „На тенок мраз“, кој е нејзин дипломски филм на познатото филмско училиште за уметности „Тиш“ на Универзитетот во Њујорк. Оваа приказна потоа освои неколку награди во САД и беше номинирана за наградата „Европа“ во 2012 година. Хаапасало магистрирала ликовни уметности на истиот универзитет, а поседува и диплома за уметности од филмската школа на Универзитетот во Алто. „Love and Fury“ (2016) е нејзиниот прв игран филм.

„Караоке рај“, пак, на режисерот Инари Паканен прикажува места, луѓе, песни отпеани за ослободување, фрагменти од среќа, понекогаш смешни, понекогаш болни спомени… Овие моменти од животот се снимени со камера за време на караоке настапи низ финскиот пејзаж. Радоста и меланхолијата се спојуваат како дел од пријателскиот пристап на овој филм, кој ќе остави траен впечаток на неговата публика.

Номинации и награди: Visions Du Reel, „Јуси“ награди – Најдобар документарен филм, ДОКС Барселона

Инари Паканен е режисер кој се фокусира на човечки приказни и на нивно топло и интимно раскажување. Неговите филмови се прикажани на фестивали како CPH:DOX, Sheffield DocFest и Visions du Reel. Неговиот последен документарец „Караоке рај“ влезе во потесниот избор за најдобар документарен филм на Европските филмски награди и ја освои наградата „Јуси“ за најдобар фински документарен филм. Инари е магистер по документарна режија од ESCAC во Барселона. Учествувал во програмите IDFAcademy, Twelve for the Future, Ice & Fire, MFI’s Script 2 Film и Berlinale Talents – и бил член на одборот на Финскиот документарен еснаф помеѓу 2015-2020 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на фотографии на Бранислав Бркиќ, Србија, во галеријата „Рудиќ“

Објавено пред

Во четврток, (24.10.2024) во 19 часот, во Галерија Рудиќ ќе се отвори изложба на фотографии на познатиот српски фотограф Бранислав Бркиќ, под името „Сибирска Тофаларија“. Изложбата ќе трае до 15.01.2025.

dobivaj vesti na viber

Во пространствата на големиот Сибир има многу помали области кои се тешко достапни дури и за локалното население. Тофаларијa е една од тие и се наоѓа во делот на планините Сајан западно од градот Иркутск во близина на границата со Монголија.

Во областа Тофаларија има три населби: Верхњаја (Горња) Гутара, Алигџер и Њерја. Тоа е единствената населена област во Русија со Тофаларите, мал автохтон народ со население од се околу 700 (седумстотини). Во заедницата со Тофаларите живее уште толкав број на Руси кои прв пат се доселија во Тофаларија во триесеттите години од минатиот век

Тофаларија е одалечена на околу 600 километри од Иркутск, покриена е со непроодна тајга низ која минуваат голем број планински реки и има површина од околу 20 илјади квадратни километри. Не е можно да се стигне до оваа област со воз, автобус или со кола, нема патишта. Само специјални теренски возила повремено можат да најдат пат низ тежок терен. Најголемато селото Алигџер е оддалечено 200 километри од најблискиот град Њижни Новгород, од каде што лета четири или пет пати месечно хеликоптер МИ-8 со 20 патници, под услов да се поволни временски услови. Билетот мора да се резервира со месеци однапред, на локалното население му се дава приоритет.

Во современиот свет кој е преплавен со слики и брзи информации, изложба „Сибирска Тофаларија“ претставува оаза на смиреност и уникатно патување низ простори кои се далеку од метежот и вревата на модерниот живот. Фотографирајќи сцени кои не се само визуелно привлечни, туку и длабоко емотивни и промислени, Бранислав Бркиќ, инспириран од естетиката и стилот на фотографите на National Geographic, успева да ја долови суштината на тие оддалечени области, не наметнувајќи ги своите фотографии на гледачот, туку преку нив внимателно го воведува во универзум проткаен со чисти емоции, спокојство и хармонија.

Овие фотографии се медиумот преку кој авторот го пренесува мирот, спокојството и раскошот на тие заборавени светови. Тие се прозорци низ кои можеме да ја видиме душата на луѓето кои живеат едноставен, но исполнет живот.

Секоја фотографија е како рамка од филм која остава длабок впечаток, создава чувство дека штотуку сме излегле од киното исполнети со спокојство и задоволство. Емоциите, мирисите и звуците на тие идилични простори лебдат во воздухот, правејќи нè да сакаме да бидеме дел од тој свет, да се движиме меѓу тие луѓе, да го доживееме тој бавен живот без брзање.

Изложба „Сибирска тофаларија“ не е само збирка фотографии; тоа е филозофска медитација за животот, мирот и убавината скриени во едноставноста. Бркиќ не поканува да ѕирнеме во свет кој е искрен, суштински убав и длабоко емотивен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

(Видео) СДСМ бара разрешување на Христовски од АНБ: „Тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ“

„Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги...

Македонија50 минути

Со нови сведоци продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Како и претходно...

Европа3 часа

(Видео) Се преврте автобус во Турција, шест лица загинаа

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус од непозната...

Свет3 часа

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот...

Свет5 часа

Турски министер: Евентуалната војна меѓу Израел и Иран е сериозна закана за регионот

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан изјави дека евентуална војна меѓу Израел и Иран треба да се смета...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун: Јужна Кореја е странска и непријателска земја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Јужна Кореја е странска и непријателска земја, објавија државните медиуми. Забелешките доаѓаат еден...

Свет5 часа

(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат на улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите

Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел. Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку...

Свет5 часа

(Видео) Снимени последните моменти на првиот човек на Хамас, фрли стап кон дронот

Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел...

Скопје19 часа

Град Скопје: Суетата на Мицкоски е поважна од потребите на граѓаните, одлуката да не се доделат средства за проектите ја потврдува секташката ментална состојба на владата

Одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална...

Топ19 часа

(Видео) Уапсени 13 лица за проституција и дрога во Тетовско и Охрид, едно лице е во бегство

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под...

Македонија20 часа

Јакимовски до Јаневска: И се извинувам што ја нареков „северџанка“, мора да разговараме и заедно да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја...

Македонија22 часа

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Четирите локални самоуправи што не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје, Сарај и Теарце, до 15 ноември може...

Македонија23 часа

Филков ја разбира нервозата на Лога: Понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад вчерашните изјави дека неговиот претходник, Кренар Лога, пред да замине од функцијата со...

Топ23 часа

МВР го објави идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово, сите се велешани

Три лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи вчера на  автопатот Скопје – Велес, пред тунелот...

Македонија23 часа

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100 oтсто Посветено за тебе“, одржана...

Македонија23 часа

Таравари за случајот со починатото бебе: Докторите направиле превид, директорите да преземат мерки

Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“ да преземат мерки...

Топ1 ден

Жител на Кочани осомничен за насилство: во училиштен двор удирал дете со тупаници, подоцна со клоци нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Насилство...

Економија1 ден

Внимавајте на платформите што нудат брза заработка и вложувања во крипто, апелираат надлежните во Македонија

Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“,...

Свет1 ден

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за непријателска земја: комуникацијата е прекината, патните и железничките врски целосно блокирани

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава“ и потврди дека ја прекинала комуникацијата со таа земја, објави утринава...

Свет1 ден

Нетанјаху: Најмодерното руско оружје пронајдено во базите на Хезболах во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ за време на претресот на базите на Хезболах...