Контакт

Култура

Управниот одбор на НУ Филхармонија: Сите манипулации и крајните намери за разрешувањата ќе излезат на виделина

Објавено пред

Членовите на разрешениот управен одбор на НУ Филхармонија упатија отвореното писмо – реакција на, како што велат, „пласираните невистини и омаловажувањето кон нас од страна на министерката за култура“.

dobivaj vesti na viber

Писмото го пренесуваме во целост:

„Почитувана министерке за култура,

Чувствуваме потреба и ние Вам јавно да Ви се обратиме од причина што, после разрешувањето на Директорот и целиот Управен одбор на НУ Филхармонија се продолжува со јавно изнесување на невистини, сега за причината за донесување на Вашите одлуки.

На сите од пошироката јавност кои ги следа случувањата во последните шест месеци им е кристално јасно дека разрешувањето е неосновано и незаконско. Неоспорен факт е дека целата раководна гарнитура е сменета од реваншизам. После Вашата погрешно донесена одлука и сите притисоци, уцени и тортури кои ги истрпевме (Директорот, Управниот одбор и вработените) не потклекнавме и не се откажавме во борбата за зачувување на институцијата. Од наша страна, на со судни маки закажаните средби со Вас, Ве информиравме за настанатата состојба поради погрешно донесените одлуки поврзани со НУ Филхармонија и најдобронамерно укажувавме што може да настане. Како што наведовме, од самиот старт Ви укажавме на неправилностите и на тоа колку одлуката новоформираниот Оркестар за џез музика (Вие изјавувате трансфериран оркестар) да биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија е штетна по работењето и функционирањето на Филхармонија. Од Вашите реакции и тоа како се однесувавте на состаноците (ќе го квалификуваме само како непријатно и некултурно, а ако има потреба ќе ги изнесеме деталите и јавно) знаевме дека ќе не разрешите, прашањето беше само кога. Доколку постојат записници од состаноците, нели често се повикувате на нивна неопходност, ќе може да се заклучи зошто по првата средба, уште по скалите на излегување од Вашиот кабинет, присутните на состанокот искоментиравме “сите ќе не смени”. Не можевте да се носите со авторитетите, професионалноста и знаењето на членовите на УО, Директорот и претставниците од институцијата. Затоа на средбата, во немоќ да дебатирате и да ја браните донесената одлука, само ни викавте и константно не потсетувавте дека Вие сте Министер. Знаеме ние што е

Министер почитувана. Почитувавме и почитуваме хиерархија, но пред вистината и Боговите молчат.

А вистината е само една. Бидејќи се повикувате на историја на настаните, еве ние ќе Ве потсетиме на фактите и вистината. Одлуката новоформираниот “Оркестар за џез музика” да биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија не најде затечени и изненадени и истата ја дознавме од медиумите. Што ќе се согласите дека во најмала рака е крајно некоректно и непрофесионално. Останавте неми на барањето за средба и дијалог за решавање на проблемот кој го создадовте. Откако наидовте на цврст став и отпор при одбраната на својот втор дом од страна на филхармоничарите, само ја дополнивте одлуката со кованицата „времена”. Во име на вистината, Ве потсетуваме на точка 4 од елаборатот во која како просторно сместување на новата национална установа се наведени не само административно адресата на НУ Филхармонија, туку се и детално опишани сите простории од објектот. Делот од елаборатот во кој се вели “Националната установа „Оркестар на џез музика на Република Северна Македонија“ – Скопје својата активност ќе ја извршува во објект кој што е целосно опремен, всушност ќе се заштедат значителни суми од буџетот, како што досега не било случај во однос на ваквите потфати од страна на Владата на Република Северна Македонија” што јасно укажува на намерата овој оркестар да се вдоми во објектот на Филхармонија. Медиумското истапување на лицата кои се кандидати за вработување во новоформираната НУ исто така беше јасен показател дека на истите им е ветено дека ќе бидат просторно сместени во НУ Филхармонија. Сите ја слушнавме изјавата дадена по состаноците со нив дека е природно да бидат сместени во Филхармонија, бидејќи таму делувале изминативе 7 години (да не се повторуваме дека објектот на Филхармонија во тој момент постоеше неполни 6 години). После тримесечна борба проследена со низа преписки, прес конференции, протести итн., излеговте во пресрет на нашите барања и го решивте овој, како што во изјава го нарековте “нереален проблем”, чии творци сме најмалку ние.

Ви се заблагодаривме што како Министер за култура на крај сепак го заштитивте интегритетот на Македонската Филхармонија која скоро цели 80 години е стожер на македонската култура и уметност. Арно ама, крајот всушност бил почеток на нова битка. Продолжување со притисоци, реваншизам и изживување врз НУ Филхармонија, блокирање на сметка, контроли од секаков вид и константен мобинг. Да не ја заборавиме и диригираната медиумска хајка преку медиумски полтрони кои со пласирање на неточни информации се обидоа да го навлечат гневот на јавноста кон Филхармонија. Секако, тука се и прес конференциите на кои и деновиве Вие одговарате на “поставени прашања” за кои имате подготвен одговор. Откако и тоа не успеа, се премина на следниот (долго очекуван) чекор – разрешување на целото раководство. Во решението за разрешување на УО не стои датум од кога истото важи, нема правна поука и нема никакво образложение по кој закон, по кој член, по која одредба истото е донесено?!? Во секоја правна држава ваквото решение би било незаконско. Но, немаме намера да го обжалиме. Ова малтретирање и мобинг веќе подолго време не се трпеше. Овде може да ги спомнеме и ургенциите за кои сами кажавте на последниот прес, кој треба да вежба во просториите на Филхармонија, кои договори за закуп треба или не треба да се раскинат итн. Раководењето со институцијата треба да се остави на професионалците, а не Вие да ракувате (позајмено од Вас) со нив.

Борбата на сите нас да се заштити својот втор дом ја сфативте лично, како наша битка со Вас. Ние уште во првичните обраќања до Вас укажувавме на последиците до кои ќе доведе погрешно донесената одлука. Како што и самата изјавивте, поддршка дадоа и многу личности од светската музичка и домашна јавност и јавно не поддржаа во нашата борба, за што сме им неизмерно благодарни. Во однос на “спорниот настан” кој се одржал на 7-ми мај организиран од страна на опозициска партија, а на чија реализација се повикувате како една од причините за разрешувањата, уште еднаш најодговорно тврдиме дека барање до Управниот одбор немало – од причина што немало потреба да има. Сигурно тоа го потврдиле и вашите вработени кои вршеа дел од контролите. Неприродно е и тоа што во Вашата изјава велите ”правилникот кој што го донел УО не соодветствува со одлуките на Директорот“?!? Управниот одбор има донесено одлука – правилник за условите под кои се изнајмуваат салите во Филхармонија. Барања до УО се поднесуваат само во случаи каде се бараат отстапки од донесениот правилник, со наведување на причините. УО ги разгледува, одобрува или одбива, за што донесува соодветна одлука.

Ќе се менуваат влади, министри, директори, управни одбори, но, запамтете дека е од национален интерес и обврска на сите нас да се сочува традицијата и децениското богатство во негување на класичната музика во Македонија. Следната година се подготвува чествувањето на јубилеј “80 години гордост”. Да уживаме во прекрасните звуци од Македонската Филхармонија и во новата концертна сезона, па и сите што ќе следат во иднина.

Колективот на Филхармонија покажа единство ретко видено на овие простори и успеа да го сочува храмот на класичната музика во Македонија. Така нека биде и во иднина.
Сите манипулации и крајните намери за разрешувањата во НУ Филхармонија ќе излезат на виделина. Доказите и вистината се на наша страна. Правдата е забавена, но не е заборавена!
На сам крај, Ве очекуваме со повик за прес-конференција и јавно соочување како што најавивте пред некој ден на прес-конференција“.

Зорица Каракутовска
Маја Поповиќ
Драган Гоневски
Атанас Алексов

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Мајските оперски вечери се дел од културната мисија која прави чуда

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека фестивалскиот оган ќе гори сè додека постои нашата љубов кон Нејзиното Височество – Операта.

„Мајските оперски вечери се повеќе од празник, тие се круна на децениските напори на генерации македонски уметници да создадат и да остават гласовна трага за долги времиња“, рече министерката за култура насочувајќи го вниманието и кон изложбата посветена на макеоднската примадона Милка Ефтимова.

„Тоа се тие генерации врвни уметници на кои им ја должиме сета наша почит зашто од нив научивме дека културата е мисија која прави чуда. Со задача да го промени и да го спаси светот“, рече министерката за култура на отворањето на Мајските оперски вечери.

По церемонијата на палење на фестивалскиот оган од страна на оперската певица Славица Галиќ-Петровска, следеше премиерата на „Трубадур“ од Верди, во режија на Иван Поповски, светски познатиот македонски режисер, кој има голем број оперски поставки во Русија, а кој за прв пат режира опера во сопствената држава.

Диригент беше Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во операта „Трубадур“ настапуваат Зоран Сотиров, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ и солисти од Канада и Чиле.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет.

Ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, а ќе има изведба и на камерната опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“.

Прикажи повеќе...

Култура

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Објавено пред

Концертот на култниот „Мизар“ и хорот „Хармосини“ ќе се одржи на 12 мај во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот.

dobivaj vesti na viber

Концертот на „Мизар“ е сѐ само не обичен музички настан, тоа е оживување на емоција чија музика и порака те будат како стрелба од длабок сон кој одекнува како глас меѓу најпрефинетите познавачи на музика во поширокиот регион, велат организаторите на концертот.

„Мизар не е само музика. Мизар е повеќе од еден обичен рок-бенд. Мизар е борба, пркос. Мизар е еден од бедемите на македонската музика, култура и национален идентитет”, порача Зоран Митровиќ од „Чув-Де-Чув“ – организатор на настанот.

„ЕКОТИП, во своето 26-годишно постоење, секогаш ги поддржувал иновациите, одржливиот развој но и вистинските и трајни вредности. Главен мотив за иницирање и поддршка на овој, за многумина долгоочекуван настан, е нашата мисија за негување и промоција на културата како ‘ѕвезда водилка’ и двигател на алтернативните начини на размислување, креативност и севкупното воздигнување”, изјави основачот и сопственик на ЕКОТИП, Илија Андреевски.

На прес-конференцијата одржана во Концепт просторијата на ЕКОТИП, на новинарските прашања одговараа фронтменот на „Мизар“ Горазд Чаповски, како и Илија Стојановски, Дени Омерагиќ и претставникот на хорот „Хармосини“ – професорот Ристо Солунчев.

Горазд Чаповски најави незаборавна вечер исполнета со добра музика, одлична атмосфера и моменти за историја, спектакл со 17 врвни македонски музичари-инструменталисти, составени во концепт кој во Македонија се изведува за прв пат. Членовите на „Мизар“ и хорот „Хармосини“, придружувани од класично-гудачка секција и група на free јazz музичари, со аранжерот и диригент Дени Омерагиќ, во прекрасна симбиоза ќе ги исполнат безвременските: 1762, Амфилохиј, Сина соба, Дождот, Глас, Почесна стрелба, Константинопол, Бело море, Градот е нем, Ходен Же, Златно сонце, Галеб… и ред други песни.

Прикажи повеќе...

Култура

Обајвен конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година

Објавено пред

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, го распишаа конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.

dobivaj vesti na viber

Конкурсот е објавен денес, на 9 мај, Денот на Европа и ќе трае заклучно со 3 јуни 2024 година, до кога сите пријави и необјавени поетски збирки треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата.

Авторот не смее да биде помлад од 18 години, односно постар од 30 години заклучно со денот на крајниот рок на конкурсот и мора да биде државјанин на Република Северна Македонија. На конкурсот пријава може да поднесе исклучиво авторот.

Пријавените необјавени поетски збирки ќе ги разгледува жири-комисија од три члена, којашто најдоцна до 1 јули 2024 година до Управниот одбор на СВП треба да достави единствен предлог за добитник на наградата. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 3 јули 2024 година.

Наградата вклучува плакета, паричен износ и објавување на печатена публикација во склоп на изданијата на СВП.

Добитникот на наградата ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга кон крајот на август 2024 година, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Поетската награда „Млада Струга“ е возобновена награда која што во минатото се избираше на Конкурс што го распишуваше Книжевната младина на Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија12 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија12 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија13 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија13 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија14 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија14 часа

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија15 часа

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија15 часа

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија16 часа

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија16 часа

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија23 часа

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија1 ден

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија1 ден

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија1 ден

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...