Црна хроника
Приведено лице од Студеничани за бесправно градење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Apsenje-1.jpg)
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М. М. (33) од с. Цветово, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење по член 244-А од Кривичниот законик.
Во текот на мај 2023 година, при извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор од општина Сопиште, пријавениот бил затекнат како на катастарска парцела во негова сопственост гради објект без да поседува одобрение за градење издадено од Општина Сопиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Топ
Пукање во Батинци, едно лице е убиено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-1-960x562.jpg)
Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго лице со повреди, извести МВР.
„На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје“, соопшти МВР.
Црна хроника
Скопјанец донесен во болница со повреда од остар предмет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/noz.jpg)
Во петокот во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко доверителски односи, бил нападнат со остар предмет од едно лице кое го познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Се врати дома малолетникот кој побегна откако се скарал со мајка му
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/dete.jpg)
Вчерс во 20.15 часот во полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека дома се вратил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12), кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од домот по семејна расправија.
По малолетното момче трагаше и полицијата.