Црна хроника
Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Во текот на вчерашниот ден, по преземени мерки и по распишана телеграма, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар лишиле од слобода еден малолетник од Скопје и еден малолетник од Струмица, сместен во установа за згрижување деца во Козле. Тие се сомничат дека во периодот од 4.9. до 26.9.2023 извршиле неколку кривични дела тешка кражба на подрачјето на Карпош.
Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници признале три кривични дела, и тоа на 4.9.2023 на улицата Никола Парапунов извршиле тешка кражба во правен субјект, на 26.9.2023 извршиле тешка кражба во пекарница, а одзеле и два велосипеда, сопственост на едно лице. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ЕВР Карпош ќе поднесе соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот