Црна хроника
196 санкции за брзо возење на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Карпош: приведени две лица поради тепачка, а се заканувале и со остар предмет
Вчера попладне во скопски Карпош, полицијата ги приведе М.П.(52) и С.О.(43), двајцата од Скопје.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која М.П. се заканувал и со остар предмет“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Брат ја нападнал сестра си во Скопје
Шеесет и деветгодишна жена пријавила дека синоќа на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот брат Ѓ.З.(67) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанец нападнат во кафуле на Бит Пазар, искршен и инвентарот
Синоќа дошло до инцидент во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар.
Според информациите од МВР, 56-годишен скопјанец бил нападнат од две лица – Ј.О. и М.Н., кои потоа заедно со уште две други, пред објектот оштетиле и инвентар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.