Свет
(Видео) Први апсења поради трагедијата на крвавата венчавка во Ирак
Директорот на Одделот за односи и информации при Министерството за внатрешни работи на Ирак, Саад Маан, денеска изјави дека се уапсени девет лица, кои биле вработени во салата за свадбени веселби, во која загинале над 100 лица, а 150 лица се повредени во оганот.
Маан рече дека ќе издаде налози за апсење за уште четворица вработени, објави Би-би-си. Тој посочи дека причините за трагедијата се „недостиг на здравствени и безбедносни мерки, запаливи материјали што се користеле во градбата и очигледно огномет организиран во затворен простор“.
Iraq- At least 100 people have died and 150 others injured after a fire broke out at a wedding in northern Iraq🥲
Early reports say it broke out after fireworks were lit.-BBC #IraqWeddingFire #Pray #RIP 🙏pic.twitter.com/FR7IjelZji— Sri Lanka Tweet 🇱🇰 (@SriLankaTweet) September 27, 2023
Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани прогласи тридневна национална жалост.
Бројот на жртви сè уште не е потврден, но државната агенција ИНА претходно објави дека најмалку 100 луѓе загинале, а 150 се повредени. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по пожарот што избувна доцна синоќа.
Мисијата на ОН за помош на Ирак на платформата Х објави дека е шокирана од огромниот број жртви и повредени во пожарот.
#BREAKING #Iraq One hundred people were killed at a wedding in a fire in northern Iraq, and another 150 were injured. pic.twitter.com/MXXEB8VAt6
— The National Independent (@NationalIndNews) September 26, 2023
„Голема трагедија. Искрено сочувство до семејствата што ги загубија своите најблиски. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението.
Стотици луѓе присуствуваа на свадба во Ал-Хамданија во провинцијата Ниневија во северен Ирак кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати местото каде што се одржуваше прославата.
Во првите извештаи на ирачките медиуми се наведува дека во пожарот загинале и младенците, но подоцна агенцијата „Нина“ објави дека тие преживеале, но се лекуваат од изгореници.
🚨 BREAKING: More than 500 injured, 100 killed in wedding hall fire in Iraq. pic.twitter.com/GnHCXjtehG
— {Matt} $XRPatriot (@matttttt187) September 27, 2023
„Пожарот предизвика уривање на делови од салата за славење бидејќи беше изградена со многу запаливи, евтини градежни материјали, кои се урнаа за неколку минути по пожарот“, соопшти ирачката Управа за цивилна одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Москва му одговори на Макрон: Разговори – да, но со љубезни и пристојни луѓе
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Владимир Путин е подготвен за разговори, но само со „љубезни и пристојни луѓе“, одговарајќи на изјавите на францускиот претседател за потребата од дијалог со Москва.
„Нашиот претседател повеќепати истакнуваше дека секогаш е отворен за контакт, но со разбирање дека тоа ќе бидат љубезни луѓе со одредено основно ниво на пристојност“, изјави Лавров, потсетувајќи на острите изјави на Емануел Макрон, кој претходно ја нарече Русија, а лично и Путин, „единствениот злосторник“ во сегашниот конфликт.
Лавров претходно изјави и дека лидерите на Европската Унија се однесуваат непристојно, обидувајќи се да им диктираат на Кина и Индија дали треба да одржуваат контакти со Русија. Тој нагласи дека Москва го почитува правото на сите држави самостојно да ги одредуваат своите партнери, што, како што рече, е целосно во согласност со принципите на суверена еднаквост од Повелбата на Обединетите нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дошло време тој и европските лидери повторно да воспостават дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, пишува весникот „Фигаро“.
Фото: Depositphotos
Свет
Зеленски во Варшава: ЕУ донесе клучна одлука за поддршка на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Варшава истакна дека Европската Унија донела клучна одлука за финансиска помош за Украина, и покрај обидите на Русија да ја осуети.
„Русија направи сè за да ја осуети одлуката на лидерите на ЕУ за финансиските потреби на Украина, но во тоа не успеа“, изјави Зеленски.
На заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, тој нагласи дека Полска има големи заслуги за позитивната одлука на Европската Унија и дека украинскиот народ ѝ е благодарен на полската држава.
„Одлуката што ја донесоа европските лидери сега е најважна. Секако, Русија навистина сакаше да го наруши, откаже или одложи овој состанок. Европа покажа лидерство по ова прашање, што е исклучително важно, заземајќи цврст и решителен став. Ви благодарам што нè поддржувате и што продолжувате да нè поддржувате“, рече Зеленски, обраќајќи му се на Туск.
Како што истакна украинскиот лидер, Полска секогаш била на страната на Украина кога се избирало меѓу исправни и погрешни одлуки.
„Би сакал да ја искористам оваа можност да му се заблагодарам на полскиот народ за значајната поддршка што ѝ ја даде на Украина од самиот почеток на оваа војна. Сметавме на вашата помош и и понатаму сметаме на неа“, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека, и покрај одредени тешкотии, особено поради историскиот контекст на билатералните односи, Украинците и Полјаците мора да се разбираат меѓусебно.
„И ние тоа го правиме и ќе се разбираме уште подобро отколку што се разбираме во денешните односи“, истакна Зеленски.
Сумирајќи ја посетата на Варшава, украинскиот претседател ги оцени како многу важни средбите со својот полски колега Карол Навроцки и со претставници на полскиот парламент. Според него, „најстрашното за Русија е тоа што двете земји стојат заедно“.
„Кога нашите земји се заедно, нема да можат да нè победат. Имаме многу добри односи и одлуки. Ставот што Полска го покажа во контекст на Украина е исклучително важен и дополнително го зајакнува нашето пријателство“, нагласи Зеленски.
По разговорите со Навроцки, Зеленски изјави дека денешната посета на Полска ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.
Свет
Рубио: САД ништо не наметнуваат, не можеме да ги принудиме ниту Киев ниту Москва на договор
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во мировните преговори за Украина не се наметнува договор и дека и Киев и Москва мора самите да сакаат да постигнат спогодба.
„На крајот, на нив е да постигнат договор. Не можеме да ја принудиме Украина, ниту Русија. Тие тоа мора да го сакаат“, рече Рубио, додавајќи дека има напредок, но дека остануваат тешки прашања.
Украинските преговарачи во петок започнуваат нова рунда разговори со американскиот тим, а претставници на Белата куќа планираат разговори и со руската делегација во Мајами. Рубио најави дека би можел да се приклучи на дел од тие разговори.
Осврнувајќи се на Блискиот Исток, Рубио предупреди дека „нема да има мир во Газа без разоружување на Хамас“, нагласувајќи дека стабилен мир не е можен доколку Хамас остане во позиција да го загрозува Израел.
Depositphotos

