Регион
(Видео) Оклопни возила го опколија поранешниот дом на Радоичиќ, наводниот шеф на Србите, кои ја нападнаа косовската полиција
Косовската полиција претресува најмалку една локација во северниот дел на Косовска Митровица. Полицијата е пред станбената зграда во која живеел Милан Радоичиќ, каде што се наоѓа и ресторанот „Греј“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Радио Конткат плус.
Најмалку три оклопни возила на косовската полиција се пред ресторанот и станбената зграда. Улицата е блокирана за сообраќај на возила, но пешаците може слободно да се движат. На влезот на улицата има двајца специјалци. Тоа е улица што води до градинка и основно училиште.
На улицата отспротива има едно возило на ЕУЛЕКС, а подолу се уште три возила. „КоССев“ пишува дека претреси не се вршат само во Косовска Митровица, туку и во Звечан и Зубин Поток. Да потсетиме, Милан Радоичиќ е потпретседател на Српската листа. Тој е на црната листа на САД и Велика Британија.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свеќла, пред неколку дена на својот „Фејсбук“ објави видео од манастирот во кој се криеле напаѓачите тврдејќи дека на снимката се гледа и Радоичиќ. Свеќла го обвини Радоичиќ дека е „водач на терористичка група и за нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.