Европа
Речиси 186 илјади мигранти годинава пристигнаа во јужна Европа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/migranti-epa.png)
Речиси 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнаа во јужните европски земји, објави Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Се додава дека најголем број од нив влегле во Италија – повеќе од 130 илјади, што е зголемување за 83 отсто во однос на минатата година, пренесува АП.
Остатокот отишол во Грција, Шпанија, Кипар и на Малта.
Истовремено, од јануари до 24 септември годинава загинале или исчезнале речиси 2,8 илјади лица, кои се обиделе да го преминат Медитеранот, што е значително зголемување во однос на 1.680 лица, кои загинале или исчезнале во истиот период лани.
Најголем број бегалци и мигранти што се обиделе да стигнат до Европа преку Медитеранот има од Тунис – повеќе од 102 илјади, според извештајот, пренесува „Танјуг“.
Околу 30.000 луѓе беа спасени на море или беа пресретнати и преместени во Тунис, а речиси 11.000 беа во Либија.
УНХЦР истакна дека мигрантите и бегалците што се обидуваат да стигнат до јужна Европа се соочуваат со ужасни услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
(Видео) Девојка беше однесена од бран на плажа: снимен страшниот момент кога исчезнува под водата во Сочи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/soci-branovi.jpg)
Случаен минувач го снимил шокантниот момент кога 20-годишна девојка била однесена од голем бран на плажа во Сочи, Русија, додека имало невреме.
Според руските медиуми, инцидентот се случил на 16 јуни и оттогаш девојката не е пронајдена.
На социјалните мрежи се појави шокантно видео кога девојката исчезнува на плажа.
A young woman was swept into the open sea during a storm in Sochi, Russia
She was on the beach with her boyfriend. At one moment the waves knocked the couple off their feet. The man managed to get out, but the young woman was swept back into the sea by the current.
So far… pic.twitter.com/T1bRqYnKGI
— NEXTA (@nexta_tv) June 18, 2024
На снимката се гледа како девојка шета на плажа со своето момче, додека брановите беснеат. Иако првично биле на плажа, во еден момент поради брановите губат рамнотежа, но младиот човек успева да излезе од водата.
Меѓутоа, вториот бран ги покрил и двајцата и го одвлекол младиот човек понатаму кон плажата, додека девојката била однесена и исчезнала во водата.
На видеото потоа се гледа како младиот човек очајнички ја бара, но безуспешно.
Руските медиуми јавуваат дека иако биле мобилизирани службите на Министерството за вонредни ситуации, девојката до денес не е лоцирана.
Како што напоменуваат, на 16 јуни, плажите во Сочи биле затворени поради временските услови кои владееле во тоа подрачје.
Европа
(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ruski-raketi.jpg)
Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото Море, објавија денеска руските новински агенции, повикувајќи се на соопштение на флотата.
„Крстосувачки ракети од нуклеарни подморници на Северната флота погодија морски цели во Баренцовото Море“, јави новинската агенција Тасс.
I sottomarini nucleari della Flotta del Nord conducono esercitazioni con missili Kalibr e Granit nel Mare di Barents. pic.twitter.com/EC8wqG9jbm
— @dessere88fenice (@dessere88fenice) June 19, 2024
Подморниците на нуклеарен погон Северодвинск и Орел истрелаа крстосувачки ракети „Калибр“ и „Гранит“ на оддалеченост од околу 170 километри кон целта, симулирајќи раздвојување на непријателските десантни бродови, објави новинската агенција Интерфакс.
„Борбената вежба беше успешно завршена. Употребените ракетни оружја уште еднаш ги потврдија своите вродени карактеристики и високата доверливост“, соопшти Интерфакс, повикувајќи се на соопштение на флотата. ”
Областа за истрелување проектили беше однапред затворена за цивилна навигација и летови. Баренцовото море, дел од Арктичкиот Океан, се наоѓа во близина на северните брегови на Норвешка и Русија и е поделено меѓу норвешките и руските територијални води.
Европа
Двајца тинејџери обвинети за силување и антисемитско насилство врз 12-годишно девојче во Франција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/francuska-policija.jpg)
Двајца малолетници се осомничени за силување, смртни закани, навреди и антисемитско насилство врз 12-годишно девојче во Франција, соопшти обвинителството во Нантер. Трет малолетник е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето.
Тројца малолетници се уапсени во понеделникот и „одреден им е притвор во зависност од нивната возраст“, објаснуваат од обвинителството. На двајца 13-годишници им е одреден притвор, додека на 12-годишник и е одредена привремена воспитна мерка. Случајот предизвика бурни реакции кај еврејската заедница, пишува Le Monde.
Отежната околност за осомничените малолетници лежи во тоа што тие делата ги сториле „поради верската припадност на жртвата“, посочи државниот правобранител.
Според полициски извор на агенцијата Франс прес, 12-годишното девојче изјавило дека и пришле три момчиња и ја влечеле додека била во парк во близина на нејзиниот дом со пријател. Осомничените ја претепале и „ја принудувале на секс, со смртни закани и антисемитски навреди“, рекол изворот.
Пријателот на жртвата успеал да ги идентификува двајцата напаѓачи. Девојчето по нападот било пренесено во болница. Направен е гинеколошки преглед кој потврдил дека е силувана.
Хаим Корсија, главниот рабин на Франција, предупреди на „невиден антисемитски бран“ и нагласи дека е „згрозен“ од настанот. Претставничкиот совет на еврејските институции на Франција ја изрази својата тага „поради трагичното силување на девојчето“, најавувајќи дека „внимателно ќе ги следи сите случувања во овој крајно загрижувачки случај“.
Антисемитските акти се зголемија во Франција во првиот квартал од 2024 година, според владините податоци. Во првите три месеци од годинава евидентирани се вкупно 366 антисемитски дејствија, што е за 300 отсто зголемување во однос на лани.