Спорт
Почнува судскиот процес помеѓу Роналдо и Јувентус
Судскиот процес во кој Кристијано Роналдо го тужеше својот поранешен клуб Јувентус, ќе започне на 4 октомври.
Португалскиот напаѓач кој сега настапува за Ал Наср го загуби трпението и реши да го тужи поранешниот клуб. Португалецот тврди дека Јувентус му должи 19,8 милиони евра заостанати плати.
Станува збор за приходите што не ги добил за време на пандемијата на коронавирусот, по договорот за намалување на платата што играчите го потпишаа со клубот во март 2020 година.
Следеше второ намалување на платите во 2021 година, бидејќи клубот не можеше да се справи со финансиските проблеми.
„Газета дело спорт“ објави дека првото рочиште ќе биде во Јавното обвинителство во Торино следната среда.
Роналдо помина три сезони во Јувентус, од 2018 до 2021 година, и во тој период постигна 101 гол на 134 натпревари.
Тој му помогна на тимот да освои две титули и еден Куп на Италија.
Инаку, Роналдо реши да го започне судскиот процес набргу откако актуелниот напаѓач на Рома, Пауло Дибала постигна договор со Јувентус да му ги исплати трите милиони евра кои му ги должат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Потер дебитираше со пораз – Астон Вила го елиминира Вест Хем од ФА купот
Астон Вила го елиминираше Вест Хем (2:1) во третото коло од англискиот ФА куп.
На „чеканите“ во Бирмингем не им помогна ниту новиот менаџер, Грем Потер, кој дебитираше на клупата.
Астон Вила триумфот го оствари по пресврт, откако Вест Хем стигна до предност со голот на Лукас Пакета во деветтата минута.
Амаду Онана израмни за домашниот тим во 71. минута, но херој на вечерта на Вила беше Морган Роџерс, кој во 76. минута го совлада Лукас Фабијански и го постави конечниот резултат.
Спорт
Олимпијакос до декласира Баерн – Везенков постигна 45 поени
Кошаркарите на Олимпијакос убедливо го совладаа Баерн во 20. коло од Евролигата, а мечот во салата „Мир и пријателство“ го одбележа феноменалниот Саша Вененков.
Црвено-белите го забележаа петтиот последователен триумф, го декласираа Баерн со 112:69 и со учинок 14-6 се лидери во Евролигата. Баварците се во пад и по третиот неуспех во последните четири натпревари имаат скор 11-9.
Неверојатниот Везенков натпреварот го заврши со 45 поени (10/10 за два, 8/10 за три, 1/1 слободни фрлања) со 7 скока и 2 асистенции за 35 минути на теренот и индекс на успешност 52.
Ова е личен рекорд за Бугаринот и трет најдобар поентерски учинок во историјата на Евролигата. Само Најџел Хејс Дејвис со 50 и Шејн Ларкин со 49 поени се подобри од Везенков.
Веројатно Везенков ќе го урнеше рекордот, но на две минути до крајот тренерот Јоргос Барцокас го повлече од теренот.
Бугарскиот интернационалец на најдобар можен начин му одговори на тренерот на Жалгирис, Андреа Тринкиери, кој минатата недела протестираше дека Венезнкв бил фаворизиран одј судиите.
Спорт
(Видео) „Фармацевтите“ победија во Дортмунд
Фудбалерите на Баер Леверкузен славеа против Борусија во Дортмунд на „Вестфален“ (3:2), во дербито од 16. коло на Бундес лигата.
Натпреварот доцнеше 15 минути поради метеж, а потоа навивачите без сведоци на луди 19 минути.
Нејтан Теља постигна гол за актуелниот шампион по само 25 секунди игра. За работите да бидат уште поневеројатни, до 19. минута семафорот резултатот беше 3:1 за актуелните шампиони.
Предноста на Баер ја зголеми во осмата минута се надоврза Патрик Шик, а првиот гол за Дортмуд го постигна Гитенс во 12. минута.
Шик со својот втор гол во 19. минута им ја врати предноста од два гола на гостите, а тој резултат остана на семафотор до 79.минута. .
Серху Гираси реализираше пенал но „милионерите“ не успеаја да избегнат пораз во последните минути.
Леверкузен е втор во поредокот со 35 бодови, додека Борусија е шеста со 25 бодови.