Свет
Захарова бара список на поранешни нацисти од Јужна Америка
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека „неопходно е да се побара од Јужна Америка список на пријатели на Гуњко“.
Мислејќи на Јарослав Хунка, чие неодамнешно појавување во канадскиот парламент предизвика скандал.
Таа ја коментира неговата изјава дека сè што сака до крајот на животот е да го напушти овој свет во тишина со семејството, но дека „сега ќе биде принуден да патува кај своите пријатели во Јужна Америка“.
Захарова потсети дека само на крајот на четириесеттите години на минатиот век, односно по Втората светска војна, во Јужна Америка се населиле од 10.000 до 15.000 нацисти.
„И тоа беа само идеолози и оние што ги спроведуваа идеите на националсоцијализмот. А колаборационистите не се ни пребројани“, напиша таа на „Телеграм“.
Како што наведе, меѓу нив едни од најпознатите биле:
Доктор смрт Јозеф Менгеле, кој се криел во Бразил.
„Архитект на холокаустот“ – Адолф Ајхман. Во мај 1960 година израелските власти го префрлија од Буенос Аирес, Аргентина, на судот во Ерусалим.
Клаус Барби, наречен Лионскиот месар, кој беше на чело на Гестапо во Лион. Француското правосудство го пронајде џелатот во Боливија.
Сите тие, потсетува портпаролката, побегнале во Јужна Америка од Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Свет
Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за воведување нови санкции против Русија
Поради противењето на Унгарија, земјите од Европската Унија веројатно нема да постигнат договор денес за предложениот нов пакет санкции против Русија, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, пренесува Танјуг.
Калас им изјави на новинарите пред состанокот во Брисел дека континуираниот отпор на Унгарија јасно стави до знаење дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ нема да се постигне консензус за предложените мерки.
„Ќе има дискусија за 20-тиот пакет санкции, но не мислам дека денес ќе има некаков напредок по ова прашање“, рече Калас, пренесува АНСА.
Таа рече дека Брисел ќе продолжи да инсистира на воведување нови рестриктивни мерки против Русија, поради војната во Украина.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.

