Контакт

Македонија

Цената на струјата не се зголемува, се враќа дневната евтина тарифа од декември, велат од СДСМ

Објавено пред

Енергетските мерки и политики на СДСМ создаваат услови цената на електричната енергија да не се зголемува. Граѓаните може да бидат спокојни во однос на снабдувањето со електричната енергија и за цената на струјата, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од владејачката партија додаваат дека од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата.

„Институциите предводени од СДСМ во изминатата грејна сезона, во услови на криза и неизвесност, покажаа капацитет и покрај црните сценарија на опозицијата, немаше рестрикции, ниту скок на цената на струјата.

Значително се зголемува домашното производство на електрична енергија со сериозни инвестиции во обновливи извори, кои со енергија од македонското сонце, ветер и вода, ја заштитуваат животната средина и ги намалуваат сметките на граѓаните.

Покрај новоотворената фотоволтаична централа во Новаци, има уште неколку огромни инвестиции, како агроволтаичниот парк ‘Стипион’, изградбата на хидроцентралата ‘Чебрен’, во вредност од над милијарда евра, ветерниот парк ‘Вирови’“, соопштија од партијата.

Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа, порачаа од СДСМ.

Македонија

Дел од Центар денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Објавено пред

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Објавено пред

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.

Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа35 минути

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе даде, ниту ќе заборави“ ништо на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената...

Свет52 минути

(Фото) Огромно парче запален отпад откриено во пустина во Австралија: најверојатно е вселенски отпад

Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата...

Свет1 час

(Видео) Товарен авион „Боинг 747“ се излизга од пистата во морето во Хонг Конг, двајца мртви

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово,...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да го предаде целиот Донбас на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас...

Европа2 часа

(Видео) Се појави снимка од ограбувачите на Лувр

Вчера утрото, околу 9:30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот Лувр во Париз,...

Македонија7 часа

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот...

Македонија7 часа

Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За...

Македонија8 часа

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна...

Македонија9 часа

СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг –...

Македонија9 часа

„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за...

Македонија9 часа

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за...

Македонија10 часа

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната...

Македонија11 часа

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Разликата е некаде три спрема еден...

Македонија11 часа

Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет...

Македонија11 часа

СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања...

Македонија12 часа

11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата...

Македонија12 часа

Се испитува поткуп на гласачи во Крива Паланка, Велес Крушево, Охрид и фотографирани гласачки ливчиња во Гази Баба и Тетово

Како мирен го оцени изборниот ден Џелал Бајрами,  претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по...

Македонија12 часа

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот...

Македонија12 часа

46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија. „Последниот одзив е...

Македонија13 часа

(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови...