Свет
Јапонија го забележа најтоплиот септември во последните 125 години
Јапонија го забележа најтоплиот септември во последните 125 години по веќе рекордните температури ова лето, објави Националната метеоролошка агенција (ЈМА).
Во време кога целиот свет се движи кон рекорди на топлина, просечната температура во Јапонија била повисока за 2,66 Целзиусови степена, објави агенцијата JMA.
Ова е највисоката температура откако е воспоставена метеоролошката статистика во 1898 година, наведува Агенцијата. Таа претходно објави дека Јапонија забележала највисоки просечни температури досега забележани од јуни до август оваа година. Ваквите податоци се слични на целата планета, која е на пат да го собори едногодишниот топлотен рекорд во 2023 година.
Откако веќе го забележа најтоплиот летен квартал во историјата на северната хемисфера (јуни, јули, август), светот ги сфаќа ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, кои беа засилени во последните месеци со враќањето на цикличниот природен феномен Ел Нињо над Пацификот, што е синоним за дополнително загревање.
Септември 2023 година беше и најтоплиот месец во Германија, Полска, Швајцарија и во Франција, каде што Националната метеоролошка агенција во петокот соопшти дека просечната температура била помеѓу 3,5 и 3,6 Целзиусови степени повисока од просекот од 1991 до 2020 година.
Велика Британија забележа дека годинешниот септември го израмни рекордот поставен во 2006 година, објави нејзината метеоролошка служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.