Македонија
Активно работиме на цевководот кај мостот „Беласица“, граѓаните ќе имаат парно на 15 октомври, велат од ЕСМ

ЕСМ соопшти дека во текот на изминатите недели активно работи на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во град Скопје.
„Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив, каде што се бара заедничко решение за санирање на овој проблем. Поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки, ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост, кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите.
Минатата грејна сезона, кога сите кренаа раце и избегаа од одговорност, АД ЕСМ по задолжение од Владата го презеде и овој товар. Доколку АД ЕСМ не менаџира со кризата со топлинска енергија во градот Скопје, иако се работи за комунална дејност и обврска на општините, тогаш граѓаните во градот Скопје ќе се грееја на струја и можеби ќе крахира електроенергетскиот систем во целата држава“, соопштија од компанијата.
Од таму изразуваат голема благодарност до сите граѓани за нивното трпение и разбирање, кои можеби ги засегна овој инцидент со мостот и парното греење.
Сепак, уверуваат дека цевководот ќе биде целосно функционален и во согласност со законската обврска на 15 октомври ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.